Крокети со колбаси

520

Вистинско гурманско јадење …

Потребно

250 гр крањски колбаси
250 мл млеко
40 гр путер
100 гр брашно
1/2 кесичка прашок за пециво
2 јајца
2 лажици лебни трошки
3 помали кисели краставички
1 лажиче мелен сув зачин

За похувањето

loading...

80 гр брашно
2 јајца
160 гр лебни трошки

Подготовка

  • Колбасите сварете ги, излупете ги и ситно исецкајте ги.
  • Брашното измешајте го во поголемиот дел од млекото да добиете хомогена смеса.
  • Во преостанатото млеко додадете ги путерот и мелениот сув зачин и ставете ги на рингла да се варат. Кога ќе почне да врие додадете ја смесата со брашно и кратко варете со постојано мешање.
  • Оставете да се излади и потоа додадете ги прашокот за пециво, лебните трошки, едно по едно јајце, сецканите краставички и сецканите колбаси.
  • Со мокри раце обликувајте крокети, увалкајте ги во брашно, па во изматени јајца и на крај во лебни трошки.
  • Ставете ги да се пржат во врело масло на умерена температура од сите страни, додека да добијат убава златно-румена боја.
  • Крокетите послужете ги врели со тартар сос и зелена салата.
loading...