Крузер за малку ќе „влеташе“ во куќа од 2,3 милиони долари | Видео

3545

Бил и Јасмин Тодхантер останаа шокирани додека гледаа огромен брод за крстосување, како оди кон нивниот дом во Мајами.

Јасмин го снимила сето тоа, додека со нејзиниот сопруг и довикувале на посадата дека бродот е преблиску до куќата.

За среќа, пловилото тешко 122.000 тони, а долго 320 метри, запрело на 30 метри од куќата, чија вредност инаку, изнесува 2,3 милиони долари.

loading...

На бродот имало 2.850 патници кои биле на десетдневно крстосување до Карибите. Крузерот инаку вторпат ја поминува таа рута којашто тој ден била затворена поради несреќа со 34.000 литри истурено гориво во морето, па бродот морал малку да „скршне“’, пренесува Дејли Меил.

Организаторите на крстосувањето, aгенцијата „Ројал Карибиан“ соопшти дека бродот не се насукал, и дека се било под контрола.

loading...