Крцкави лепињи со лук и пармезан

1142

Многу се ароматични и вкусни …

Потребно 

  • 335 гр пченично бело брашно
  • 30 гр пченкарно брашно
  • 1 полно лажиче сол
  • 5 гр сув квасец
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 260 мл топла вода

За премачкување

  • 5-6 чешниња лук
  • 1/2 лажиче хималајска сол
  • 3 полни лажици ситно сецкан свеж магдонос
  • 2 лажици маслиново масло
  • 50 гр ситно рендан пармезан

Подготовка

  • Во малку топла вода ставете 1/2 лажиче шеќер и сув квасец, измешајте и оставете го на страна за да стаса квасецот.
  • Во еден подлабок сад ставете ги двете брашна, сол, стасаниот квасец, маслиново масло и топла вода. Измешајте со дрвена лажица и сипете го на набрашнета работна површина.
  • Месете го со раце 10-тина минути. Тестото треба да биде меко и еластично. Покријте го со крпа и оставете го да нарасне.
  • Пораснатото тесто притиснете го неколку пати со рака, премачкајте го со малку маслиново масло и повторно покријте го и оставете го уште 30-тина минути.
  • Вклучете ја рерната на 200 целзиусови степени и ставете ја тавата од рерна во неа и таа да се грее.
  • Ако сакате помали лепињи тестото поделете го на парчиња околу 5 гр тешки, а ако сакате поголеми тогаш нека бидат тешки 115-120 гр.
  • Со сукало истенчете ги на малку набрашнета работна површина со дебелина 2-3 мм и должина околу 15 см. Премачкајте ги со 1 лажица смеса од лук и посипете со ситно изрендан пармезан.
  • За смесата од лук, ставете ги чешнињата лук во аван, додадете сол и убаво истолчете го. Додадете ситно сецкан магдонос и продолжите да толчите со полека додавање на маслиново масло. Ова може да го направите и во блендер.
  • Пренесете ги во загреаната тава во рерна и кратко печете ги околу 5 минути или додека малку не нараснат и поруменат.
  • Оставете ги малку да се изладат и послужете ги топли, со јогурт или кисело млеко.
loading...