Кучињата во превенција на анксиозностa

101

Децата кои имаат домашни миленичиња имаат помал ризик за анксиозност, пишува стручното списание „Превентинг Кроник Дизис“.

Американските истражувачи од Басет Медицинскиот центар, своите наоди ги темелат врз следење на 650 деца постари од 18 месеци.

Вкупно 58 отсто од децата имале кучиња дома.

Се покажало дека анксиозноста е присутна кај 12 отсто од децата кои имаат кучиња и 21 отсто кај другите деца вклучени во истражувањето.

Кучињата биле најизразено поврзани со намалување на шансите за анксиозност предизвикани од социјалните фактори или раздвоеноста.

Научниците веруваат дека интеракциите на децата со кучињата резултираат со излачување окситоцин, што ја ублажува физиолошката реакција на стрес, бидејќи редуцира присутност на хормонот кортизол.

loading...