Кучињата можат да намирисаат тумор

1120

Јапонски стручњаци од Mедицинскиот универзитет на префектурата Тиба ја докажаа способноста на кучињата да намирисаат онколошки заболувања.

Научниците спроведоа повеќе експерименти со лабрадори, кои требале да душкаат урина од здрави луѓе и од пациенти болни од рак. Секојпат, кучињата непогрешливо ги откривале пациентите со канцер. Оваа раса на домашни миленичиња почна да пронаоѓаат тешки болести во доцните 80-ти од минатиот век.

Во последно време, постигнати се убедливи резултати при откривање на рак во клинички услови. Во 2015 година, при сличен експеримент во болница во Милано, кучиња откриле луѓе заболени од рак на простата, со точност од 98 отсто.

loading...