Куќата секогаш ми е валкана, пцујам и викам, но јас сум совршена мајка | Пост кој го урна интернетот! (ФОТО)

9876

Можеме ли на момент да се симнеме од планината на осудување, се запрашала оваа искрена мајка.

Невработена мајка на три деца, Karen Johnson, на својот Фејсбук профил напишала многу искрено писмо за осудување на родителите, и тоа толку добро, што нејзиниот пост бил поделен повеќе од 500 илјади пати, и добил речиси 900 илјади лајкови!

Она што ова мајка сака да каже е дека секоја мајка има право на свој избор, и дека секоја мајка која се труди околу своите деца е всушност добра мајка, го работела тоа истото што и сите или не.

loading...

Го пренесуваме нејзиниот пост во целост:

“Пријатели, имам да кажам нешто што ми стои на душата.

Мојата куќа никогаш не е чиста. Никогаш. Имам пријатели (со деца), чија куќа е совршена. Дали тие се подобри мајки од мене? Не. Дали сум подобра од нив? Не.

Вежбам секој ден. Знам мајки кои не вежбаат. Дали некоја од нас е подобра или полоша мајка, поради тоа? Не.

Имам пријателка која се породила во базен во својата дневна соба. Јас се породив во градска болница со бесплатна епидурална. И двете сме одлични мајки.

Понекогаш пијам пиво или чаша вино, и тоа понекогаш пред децата. И добра сум мајка. Мојата сосетка никогаш не пие. И таа е добра мајка!

Јас викам. Имам добра пријателка која е многу тивка и трпелива. Јас ѝ се восхитувам. Но, и двете сме одлични мајки!

Познавам мајки кои им даваат на децата супер органска храна, без хемикалии и бои. Моите деца понекогаш јадат сладолед за појадок. И тоа од евтиниот. Дали некоја од нас е подобра? Не.

Понекогаш пцујам, но не пред децата. Дали тоа ме прави лоша мајка? Не!

Јас сум вклучена во училишниот живот на моите деца, но не висам над нив 24 часа поради тоа, ниту пак одам на училиште секој ден. Дали мајките кои тоа го прават се подобри или оние кои тоа никогаш не го прават лоши? Не.

Дали сум неверојатно благодарна на мајките кои се секој ден на училиште и им помагаат на наставниците? Да!

Дали мајките кои не работат се подобри од оние мајки кои работат? Не.

Дали мајките кои работат се подобри од оние мајки кои не работат? Не.

Дали омажените мајки се подобри од самохраните? Не.

Дали сте подобра мајка ако ги водите децата на егзотични патувања? Не!

Дали сте подобра мајка ако најблиската дестинација на која можете да ги одведете децата – парк? Да.

Дали можете да бидете подобра мајка, ако летниот распоред ви е преполн со планови? Да.

А ако немате планови? Да!

Дали добрата мајка им дозволува на децата да гледаат телевизија? Да!
А да играат игри? Да.

А ако одговорот е не? Тоа е, исто така, во ред! Ваш избор. Вие сте мајка. И тоа добра!

Јас сум христијанка. Мојата пријателка е муслиманка. Другата пријателка е атеист. Сите ние сме одлични мајки.

Јас дојам. Моите деца никогаш не пиеле формула. Дали сум подобра од оние мајки кои по формула ги хранат своите деца? Не!

И, што сега? Дали можевме на еден момент да се симнеме од планината на осудување? Или само да се поддржиме една со друга? Или само да кажеме: Еј, мајчинството е тешко. Добро ти оди.

Како тоа би било супер? Само велам”, напишала Карен.

Што мислите вие?

Споделете со вашите пријатели !!!

loading...