„Ла ла ленд“ освои рекордер број статуетки на „Златните глобуси“ (фото)

273

Мјузиклот на Демијан Шазел, „Ла ла ленд“ победи во категоријата „мјузикл или комедија“ на синоќешното доделување на годинешните награди „Златен глобус“, а пак, филмот „Месечева светлина“ на режисерот Бери Џенкинс е прогласен за најдобра драма за изминатава 2016 година.

На манифестацијата што се одржа во Лос Анџелес, домаќин беше водителот Џими Фалон.

„Ла ла ленд“ победи во рекордни седум категории и тоа – најдобар мјузикл, режија, сценарио, филмска музика, најдобра песна, како и за машка и женска главна улога, одиграни од Рајан Гослинг и Ема Стоун.

Филмот „Ели“ на Пол Верховен, според жирито, е најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а пак „Зоотопија“ е најдобар анимиран филм.

Наградата за животно дело насловена „Сесил Б. де Мил“ ја доби Мерил Стрип, која не пропушти на својот говор да му даде и политичка боја, имплицитно критикувуајќи го идниот претседател на САД, Доналд Трамп.