ЛГ го претстави својот новитет – лебдечки аудио плеер | Фото/Видео

1119
Booking.com INT

Лебдечките звучници не се најголем изум на светот, но секако изгледаат доста интересно.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Корејскиот технолошки конгломерат „ЛГ Хоум Ентертејнмент Компани“ го претстави својот нов производ „PJ9 Portable Speaker“.

Звучниците едноставно лебдат над својата подлога, која се нарекува „лебдечка станица“ и тоа со помош на електромагнети. Самата станица содржи и буфер, односно засилувач на басот.

– Последниот наш додаток од серијата премиум безжични аудио уреди не само што пренесува звук, туку е и пријатен за око, со што ЛГ покажа дека секогаш го прифаќа предизвикот да претстави нешто ново и свое, вели Брајан Квон, извршен директор на Компанијата.

Батеријата на звучникот со својата моќност овозможува и до 10 часа непрекинато работење на самата направа.

Уредот ќе биде официјално пуштен во продажба на 8 јануари. Засега нема информации колку ќе чини.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...