Лебот е одлучувачки фактор во здравата и стабилна исхрана!

1962
Booking.com INT

На пазарот постојат многу видови на леб и пецива, кои се многу добри за здравјето. Покрај тоа, производителите сѐ повеќе обрнуваат внимание на количината на сол која ја додаваат, бидејќи се свесни дека луѓето премногу го јадат.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Белиот леб, порано нарекуван лебот на богатите е, всушност, најмалку посакувана верзија на лебот, вели г-дин. м-р. с-ц. инг. Маријан Каталениќ – шеф на Одделот за здравствената безбедност на храна при Хрватскиот завод за јавно здравство. Напоменува дека тоа не значи дека не треба да се јаде, туку да не се претерува со количината. Всушност, нашето тело брзо ги разградува јагленохидратите од бел леб, за разлика од интегралниот, каде тоа оди многу побавно, и му ги сервира на организмот како храна.

– Токму тоа брзо разградување и шеќерите кои се формираат при тоа, резултира и со брз влез на гликозата во крвта, искористувајќи ја истата и брзото паѓање на шеќерот во крвта во краток временски период. Тој биохемиски одговор на организмот во мозокот испраќа порака дека организмот е повторно гладен. Умереност во количината, како и прилозите кои ја намалуваат брзата потрошувачка на разградената глукоза во крвта дава можност за конзумирање на бел леб, како и сите други видови на леб – нагласува Каталениќ.

– Основата на прехранбената пирамида се состои од житарици, леб и пекарски производи, пред сѐ заради влакната, јаглехидратите, витамините и минералите кои се неопходен извор на енергија, како и за одвивање разни важни процеси во организмот и правилното варење. Затоа, дефинитивно треба да го најдат своето место во секојдневната исхрана – објаснува дипл. инг. на прехрамбената технологија и биотехнолог Андреа Грос Бошковиќ, директор на Хрватската агенција за храна.

Доц.др.сц. Дубравка Новотни, предавач на PBF во Загреб, изјави дека нередовно јадење леб и други житни производи предизвикува неурамнотежен внес на енергија затоа што се зголемува внесот на енергија од масти и протеини, а најголем дел од енергијата, 50-55% од вкупните калории треба да дојде од јагленохидратите, 10-15% од протеините, а 30-35% од мастите за да човечкото тело функционира и да се развива правилно.

– Лебот е богат со комплексни јагленохидрати, содржи значителен дел растителни белковини и едвај да содржи масти. Добар е извор на Б витамин и минерали како што се фосфор, калиум и магнезиум. Идеалниот леб има низок гликемиски индекс, добар е извор на протеини и прехрамбени влакна, витамини, магнезиум, елементи во трагови и антиоксиданси. Се препорачува најмалку половина од житата кои ги јадеме во еден ден да бидат цели. Лебот направен од брашно на цело жито содржи 2 до 6 пати повеќе прехрамбени влакна. Иако влакната не се хранливи материи, нивната конзумација е неопходна за зачувување здрава состојба. Во лебот доминираат нерастворливите влакна кои го стимулираат варењето на храната – напоменува доц.др.сц Дубравка Новотни.

леб2

Производителите сѐ повеќе обрнуваат внимание и на количината на сол во лебот и пекарските производи. Поточно, освен што го подобрува вкусот, солта има важна улога во однос на технологијата и служи како конзерванс. Експертите велат дека лебот и пекарските производи се важен извор на сол во нашата исхрана. Тие истакнуваат дека просечниот Хрват јаде два пати повеќе од двократна количина на сол од препорачаната дневна доза во однос на препораките на Светската здравствена организација.

– Затоа, подготвеноста на индустријата за соработка во справувањето со овој голем здравствен проблем – е клучна. Иницијативата беше покрената со пекарската индустрија, каде што се утврдило дека со намалување на количината на сол во лебот на ниво на кое сѐ уште не се доаѓа до влијание на технолошкиот процес на производството, ниту на вкусот и изгледот на лебот, во исто време значително придонесува за намалување на дневниот внес на сол – додава дипл. инг.прех.тех. и биотехнолог Андреа Грос Бошковиќ.

Таа додаде дека особено треба да се забележи дека домашните производители на леб, го препознале овој проблем и од почетокот тие се подготвени за конструктивен дијалог и соработка. Некои производители дури и самоиницијативно почнале со намалување на количината на сол во своите производи да го направат својот производ уште поздрав и со тоа покажале дека се грижат за здравјето на своите купувачи.

Светската здравствена организација препорачува 250 грама леб дневно

леб

– Лебот е основен и важен дел од нашата исхрана и заблуда е дека треба да се избегнува. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека треба да се јаде леб, неколку пати на ден. Така, голем број на европски земји им препорачале на своите граѓани дневна доза од околу 250 грама, што е околу 4-8 парчиња – наведено е на веб-страницата на EUFIC, The European Food Information Council (Европски совет за информации за храна).

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...