Лекарите ги советуваат бремените жени да спијат на страна

1631

Истражување на болницата „Сент Мери“ во Манчестер полажува дека спиењето на грб во последните три месеци од бременоста го удвојува ризикот детето да се роди мртво.

Во испитувањето кое опфатило 1.000 трудници, се препорачува бремените жени да спијат на страна.

Кај оние кои спијат на грб, тежината на детето и на матката може да предизвика прекумерен притисок на крвните садови, што го зголемува ризикот за ограничување на дотокот на кислород до плодот, се наведува во заклучоците од истражувањето.

Според професорката Лесли Меккоуан од Универзитетот во Оукленд, спиењето на страна и повременото менување на положбата, го намалува тој ризик за девет отсто.

Официјалните статиситчки податоци покажуваат дека едно од 225 бебиња во светот е мртвороденче.

loading...