Лековити јајца кои го успоруваат развојот на Алцхајмеровата болест

555

Словенечки експерти по повеќегодишната селекција успеаја да одгледаат еден вид кокошки во чии јајца има многу висока концентрација на холин, а такви „лековити“ јајца го успоруваат напредувањето на Алцхајмеровата болест и деменцијата, објавија љубљанските медиуми.

– Јајцата од тие кокошки ги нарековме „холинчек“ затоа што содржат многу холин. Тоа е важно за функционирањето на клетките, а ја потиснува појавата на рана деменција и Алцхајмерова болест, рече Стане Брегер од Задругата „Галус Бартоломеус“, која промовира одгледување на такви видови на кокошки.

– Народно речено, нашиот петел има нешто поголемо либидо од другите. За квалитетот на јајцата помага и тоа што нашите кокоши несилки слободно пасат во чиста природа, рече Брегер за „Словенске новице“.

loading...

Словенечките медиуми наведуваат дека има размислување и за основање на „генски банки“ за да може семето од овие петли да за зачува за идните генерации и за немили настани, ако можеби се случи да се закани некоја дегенеративна болест или изумирање на кокошките.

loading...