Летечки автомобил на Саемот во Франкфурт | Видео

197

Покрај класичните моторни возила на четири тркала, на франкфуртскиот авто-салон што се одржува деновиве, изложен е и автомобил кој освен по асфалт, може да „вози” и во воздух.

Имено, на 67. Меѓународен саем на автомобили, кој во Франкфурт се одржува секоја непарна година, компанијата „Аеромобил“ го претстави својот најнов модел, кој може и да лета. Станува збор за верзијата 4.0, луксузно возило конструирано да ни понуди еден софистициран спој на автомобилската индустрија и аеронаутиката.

Овој авион-возило се движи на батерии и со едно полнење може да премине 700 километри. Максималната брзина пак, изнесува 160 километри на час.

loading...

Цената засега не се соопштува, но неофицијално, овој луксуз ќе чини околу 1,25 милиони евра.

loading...