Лечи сѐ – Црница или дудинка | Совршен лек за разни болести!

1447
Booking.com INT

Кога ќе здогледате црница, качете се на дрвото и почнете да јадете, бидејќи ова овошје е толку вкусно што не смее да се одмине. Јадете го свежо или подгответе го за сируп или џем.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Постојат три главни вида на црница, бела (Morus alba), црвена (Morus rubra) и црнa (Morus nigra).

Morus alba2-001

Morus alba

Разликата меѓу нив е бојата на плодот, а не во вкусот. Сем што може да се јаде свежа, многу погодна е за правење сокови и сирупи, мармалади и желеа, како и ракија. Поради својата висока сладост се вклопува и во јадењата од дивеч, а со лисјата можат да се хранат животните, особено оние кои даваат млеко, бидејќи ја зголемуваат млечноста.

Здравствени придобивки

Morus nigra

Morus nigra

Се вели дека со редовното консумирање на свежи плодови може да се спречи ракот, дигестивните проблеми и високиот крвен притисок. Се верува дека ова овошје помага во олеснување на болката во грлото, а во народната медицина како средство против воспаление, како противотров, фунгицид, седатив, но и како тоник за кожата. Белата дудинка се користи за лекување на чир и други воспаленија на устата, болка во рацете, астма, бронхитис, општа слабост, настинки, несоница и болна менструација.

Чај од црница за убава кожа

Morus rubra-001

Morus rubra

Чај направен од лисјата на црницата е особено добар за чистење на кожата, и така со секојдневното миење вашето лице ќе биде мазно, чисто и убаво, а најмногу ќе помогне во анулирањето на акните.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...