Лимон и ванила

1210

Научив со поглед да изговарам работи за кои другите не можат да пронајдат зборови… уживам во животот… животот одамна го претворив во игра…

… големите болки одамна ги преболев, тагата ја засакав, како и среќата… се е исто – и тагата и среќата… целата сметка ја плаќам секогаш со насмевка… насмевката е моето најдобро оружје…

… со неа заведувам, со насмевка наплаќам – и добро ми стои, ми ги прeкрива слабостите… тоа сум јас- едноставна, насмеана… успеав во себе да го сочувам она детското… во овој свет на лудости!…

… со насмевка го сокривам она, што некои одамна го покажаа… јас темнината ја затворив одамна!… и почнав да верувам во бајките… тие ме прават среќна…

… верувањето во нив ме прави посилна, да ги избришам злобата и лицемерието кое ме опкружува… знам и во соништата да се сокријам… и уште едно нешто запомнив…

… лебедот останува лебед дури и кога се дружи со гуски!!!

Christina Intruder

loading...