Логопедот советува | Околу 100 зборови до втората, а буквата “Р” до четвртата година

1405

Не треба да се слушаат советите од околината и да се одложува посетата на логопед, туку треба да се јавите до втората година за да може на време да процени кој степен на поддршка му е потребно на детето.

Сепак, логопедите истакнуваат дека навремена и соодветна стимулација на детето е од исклучително значење за прогноза на логопедната терапија, бидејќи во раната возраст нервниот систем се развива најинтензивно.

Најдобро е родителите да се јават на логопед до втората година на детето, ако се сомневаат дека има отстапувања. Затоа логопедот ги споменува упатствата според кои сами можете да проверите дали говорот на вашето дете правилно се развива.

До првата година децата користат еден збор со значење и околу стотина до вториот роденден, користат вообичаени гестови (мавтање), следат едноставни вербални инструкции (донеси, дојди), дрдорат и имитираат звуци и интонација, имаат контакт со очите.

На возраст од две години децата спојуваат два збора или збор и гестикулација, способни се за пократка активност со возрасните (редење коцки), користат предменти на соодветен начин во играта (лажица, чешел), препознаваат и именуваат делови на телото, користат глаголи за именување на активности, именуваат слики од познати предмети и членови на семејството, спонтано користат граматички правила (две девојчиња), користат лични заменки, изговараат правилно: а, е, и, о, у, p, б, м, к, г, т, д, в, j.

До третата година, детските реченици имаат 4 или повеќе зборови, разбираат во, на, под, над, правилно користат присвојни заменки, одговараат на прашањата “што” и “каде”, го знаат нивното име и пол, можат да го прераскажат неодамнешниот настан, ги разбираат описните придавки, правилно изговараат: н, х, ф, л, с, не испуштаат гласови во зборови, повеќе од 75% од говорот е разбирлив.

До четвртата година ги препознаваат боите, знаат да објаснат како се користи некој предмет, користат реченици над пет зборови, користат сврзници (а, и, или …), разбираат и одговараат на прашањата “зошто”, користат правилни граматички структури, изговараат правилно: њ, љ, з, ц, р.

До петтата година децата користат повеќесложни реченици кои ги поврзуваат со зборови како, бидејќи, иако, последователно, раскажуваат настани по редоследот на случувања, опишуваат и објаснуваат, секојдневно го збогатуваат вокабуларот, преговараат и се договараат со своите врсници. Тие разбираат поими како што се прв/последен, ист/различен, зад, пред, покрај и слично. Ги изговараат сите гласови правилно освен ш, ж, џ, ѓ.

Логопед Катарина Матијевиќ

loading...