Лондонерки

1303

Изненадите ги своите домашни со овој вкусен колач …

Потребно

За тестото

  • 250 гр пченично бело брашно
  • 150 гр маргарин
  • 4 жолчки
  • 2 лажици кисела павлака
  • 1/2 прашок за пециво
  • 150 гр шеќер
  • 2 лажици вода

За филот

  • 4 лажици џем од сливи
  • 4 белки
  • 170 гр шеќер
  • 10 гр ванилин шеќер
  • 150 гр ореви

Подготовка

  • Во еден ставете ги жолчките и шеќерот и изматете со миксер. Додадете ги и другите состојки со постојано матење.
  • Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 15 минути.
  • Во друг сад ставете ги белките и изматете ги убаво со миксер. Полека додадете ги шеќерот и ванилиниот шеќер и уште малку матете.
  • Извадете ја тавата од рерна и полупеченото тесто премачкајте го со џемот од сливи.
  • Над џемот ставете го изматениот шлаг од белки и одозгора посипете со сецканите ореви.
  • Тавата вратете ја во рерна и оставете го колачот да се допече додека на површината не добие убава златно-кафена боја.
loading...