Лошиот сон ги стимулира кардиоваскуларните заболувања

1025
лош сон

Повеќе истражувања покажаа дека лошиот сон го зголемува ризикот од деменција, дијабетис тип 2 и дебелеење, а сега руските научници открија дека недоволното спиење ги поттикнува и кардиоваскуларните заболувања. 

Утврдено е дека недостигот и лошиот квалитет на сонот го зголемуваат ризикот од срцев удар за 2 до 2,6 пати, и ризикот од мозочен удар за 1,5 до 4 пати.

Покрај пушењето, слабата физичка активност и лошата исхрана, недоволниот сон претставува уште еден сериозен фактор кој го загрозува кардиоваскуларното здравје.

loading...