Луѓето со оваа крвна група умираат почесто по потешки повреди

2167
Booking.com INT

Во одделот за вонредни состојби, хирурзите честопати треба да вложуваат натчовечки напори за спасување на нечиј живот, но резултатите од јапонската студија упатува на тоа дека на нивниот успех влијае и крвната група на пациентот.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Резултатите од една нова студија, чија цел е да ја анализира стапката на смртноста кај 900 тешко повредени пациенти примени на одделот за итна интервенција во една од болниците во Токио, покажала дека луѓето со одреден тип на крвна група се во поголема опасност од смртниот исход.

– Губењето на крвта е една од главните причини за смртта на сериозно повредените пациенти. Затоа ја истраживме можната поврзаност на различните видови на крвните групи со факторите на смртта. Сакавме да ја тестираме хипотезата според која преживувањето по тешките повреди зависи од типот на крвната група – рече д-р Wataru Takayama од Токискиот универзитетски и медицински центар.

Takayama и соработниците собрале податоци за 901 пациент донесени со брза помош на неколку болници во Токио со сериозни повреди во периодот помеѓу 2013 и 2016 година. Податоците покажале дека пациентите со крвна група “0”, која ја имале речиси една третина (32%) од нив, имле поголеми шани да подлегнат на тешките повреди.

Стапката на смртност кај пациентите со крвна група “0” била 28 проценти, што е речиси три пати повеќе од стапката на смртност кај другите пациенти вклучени во студијата, кои имале од друга крвна група (11%).

Разликата е голема, но зошто е тоа така?

Со оглед на тоа дека се работело за опсервациска студија, научниците објасниле дека е невозможно да се даде прецизен одговор, но веруваат дека една од причините е помала склоност кон згрутчувањето кај одредени крвни групи. Кај крвната група “0”, постои намалена склоност на коагулација отколку кај другите видови крвни групи.

– Неколку студии покажале дека пациентите со крвна група “0” способноста за згрутчување на крвта била пониска за 25-30 проценти отколку кај пациенти со други крвни групи, што кај нив го зголемило ризикот од обилно крварење – објасниле авторите на студијата.

– Причината е т.н. Von Willebrandov фактор (vWF), крвен гликопротеин кој игра клучна улога во примарната хемостаза (запирање на крварење), особено во микроваскулатурата. За добра хемостаза, односно запирање на крварењето од оштетените садови, потребно е заедничко дејствување на крвните садови, тромбоцитите и плазматските коагулациони фактори. Хемостазата вклучува неколку процеси: стеснување на крвните садови, формирање на тромбоцитен чеп, формирање на згрутчување на крвта (коагулација) и стабилизација на згрутчување на крвта или неговото распаѓање (хемолиза) – објасниле авторите на студијата.

Ако нивната хипотеза е точна, намалувањето на склоноста за коагулација кај крвната група “0” може да преовлада кога станува збор за позитивната страна на најчестата крвна група, во исто време најсоодветна за итна трансфузиона медицина.

Д-р Takayama и неговите колеги истакнуваат дека е неопходно да се спроведат дополнителни истражувања со цел целосно да ги докажат своите претпоставки и внимателно да ја испитаат претпоставката за почестата причина за смрт поради крварење кај луѓето со крвната група “0”.

Резултатите од студијата беа објавени во списанието Critical Care.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...