Магдалена Алексовска од „Рига симфони“, Летонија, се врати со две награди

1120

Со изведбата на песната „Молитва“, но и со интерпретација на хитот „I have nothing“ од Витни Хјустон, во категории на оригинална песна и светски хит, младата и талентирана Магдалена Алексовска неодамна од Летонија се врати со две награди – за освоено прво место од публика и трето од жири.

„Рига симфони“ беше насловен овој фестивал на кој Маги доби учество како награда за освоено Гранпри на претходниот фестивал во Прилеп во октомври.

Од август наваму и е период на награди – во август на „Езерски бисери“ во Струга зеде трето место, во септември во Варна во Бугарија на „Арт Старс Ѕвезди“ – зеде прво место, па на „Астерикс“ во Прилеп Гранпри, а сега и овие награди во Рига.

loading...

Инаку, песната „Молитва“ е на авторот Борче Шабановски, кој текстот го потпишува заедно со Катерина Алексовска.

loading...