Магијата на свеќите | Како да ви се исполнат сите желби

16098

Свеќите поседуваат магични својства, кои се поврзани со нивното подарување и палење според желбите и потребите, но и според хороскопските знаци. Еве како можете да ја насочите нивната енергија желбите да ви се исполнуваат, а животот да ви биде полесен и поубав.

Ако сакате да ви се исполни желбата, запишете ја на хартија, која потоа се пали на пламенот на свеќата за пораката во форма на чадот да полета кон небото. Овој обичај датира од прославите и фестивалите во чест на божицата на Месечината, Артемида. Артемидините прослави се претходница на денешните роденденски прослави. Дури и денес, свеќичките се ставаат на тортата, па се посакува желба додека свеќите се гаснат.

Уште еден начин нешто да се посака со помош на свеќа е со иглата или шилото во свеќата се длаби симболот на посакуваниот предмет, личноста или настанот. Ако свеќата се остави да гори до крајот, стопениот восок претставува форма на основа на која може да се заклучи дали желбата ќе нѝ се исполни.

Веќе и самата боја на свеќата носи одредена желба, која ја упатуваме на друго лице, и си ја посакуваме. Еве што подразбира секоја боја.

%d0%bc%d0%b0%d0%b3%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%9c%d0%b8%d1%82%d0%b5-001

БЕЛА
Белата боја е бојата на енергија, нов живот, нови односи. Таа е идеално го одразува симболот на нови почетоци и нова љубов.

ЦРВЕНА
Црвената е бојата на промена, но промената која бара одлучност и храброст, боја на смелост и предизвици.

ПОРТОКАЛОВА
Кога се дарува, портокаловата свеќа има јасна порака. Па ако на некој посакате среќа, здравје и хармонични односи во куќата. Портокаловата е, и бојата на идентитетот и служи за зајакнување на самодовербата.

ЖОЛТА
Жолтата е боја на комуникацијата, учењето и патувањето. Тоа е бојата на љубопитни и интересни луѓе.

ЗЕЛЕНА
Зелената боја е бојата на љубов, онаа постојана, искрена и голема, но и бојата на лекување, бидејќи тоа е првенствено боја на природата.

СИНА
Сина е бојата на моќ, но и на правдата. Оваа боја се подарува кога желбите се однесуваат на кариерата и боја на свеќата која светнува кога се има во предвид напредокот во работата.

ВИОЛЕТОВА
Индиго и виолетовата се боите на развојот на натприродните моќи, духовност и внатрешна хармонија. Тоа се свеќи со кои се размислува и се медитира.

РОЗОВА
Розова боја е бојата на помирување, децата и семејството.

КАФЕАВА
Кафеавата боја е боја на домот и куќата, на финансиска моќ и сигурност. Таа боја која е поврзана со зголемувањето на имотот и добрите фамилијарни односи.

СИВА
Сивата боја ги означува сите ваши тајни желби.

ЗЛАТНОЖОЛТА
Златножолта боја е бојата на долгорочната амбиција и напредок. Како што е златото симбол на моќта, така и златните свеќи се подарок кој предвидува успех.

ЦРНА
Црна боја е бојата на завршеток и ослободување од вина или каење.
Која е вашата астролошка свеќа

Секој знак во хороскопот е претставен со некоја боја или со повеќе бои. Секоја од тие бои, исто така, претставува особина или квалитет, а свеќата со таа боја се пали за да се повика квалитет, дури и ако таа боја не се совпаѓа со знакот во кој лицето е родено. Постапката има најсилен ефект додека Сонцето е во тој знак.

Астролошката свеќа може да се запали на роденден или на било кој друг важен настан, во ритуалите кои го симболизираат доаѓањето на светот на луѓето родени во тој или било кој друг период, со што се зајакнува самодовербата и чувство на идентитет.

%d0%b1%d0%be%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d1%88%d0%b8-001

Листа на астролошките знаци и бои

  • ОВЕН: Црвена – храброст
  • БИК: Пинк – трпение
  • БЛИЗНАЦИ: светлосива или жолта – сестраност
  • РАК: Сребрена – скриени потенцијали
  • ЛАВ: Златножолта или портокалова – сила и енергија
  • ДЕВИЦА: Зелена или светлосина – тенденцијата кон перфекционизам
  • ВАГА: Сина или виолетова – баланс
  • ШКОРПИЈА: Темноцрвена или црвена – итрина
  • СТРЕЛЕЦ: Жолта или портокалова – јасни цели
  • ЈАРЕЦ: Кафеава или црна боја – упорност
  • ВОДОЛИЈА: Индиго или темносина – независност
  • РИБИ: Бела или светловиолетова – интуиција