Мажите не ставаат кондоми од многу непријатна причина | Видео

7243

Многу мажи ги избегнуваат кондомите и се срамат да признаат зошто. Новите истражувања покажале дека повеќето го имаат истиот проблем оти дошло време за промени …

Секој трет хетеросексуалец користел кондом за време на последниот интимен однос со повремена партнерка, покажало истражувањето спроведено во Австралија. Врз основа на тие податоци, експертите заклучиле дека употребата на кондоми е во опаѓање.

И студијата на австралискиот Центар за социјални истражувања покажала дека помалку од половина (47 отсто) анкетирани хомосексуални и бисексуални мажи секогаш користат кондоми во односите со партнери со кои не се во постојан контакт. Тоа покажува дека повеќе од половина од мажите не го прави тоа.

loading...

Исто така, ги откриле причините за избегнување на кондоми:

  • нелагода
  • намалено чувство на угодност
  • полоши перформанси во креветот
  • стандардната големина на кондомот е премногу голема за просечниот пенис

До неодамна, стандардните кондоми морала да бидат најмалку 17 центиметри, но некои студии покажуваат дека просечниот пенис во ерекција е за еден сантиметар пократок од тоа, а постојат студии кои покажуваат дека е уште пократок.

– Идејата е да бидат доволно долги за да им одговараат на повеќето мажи, а вишокот треба само да се навитка – објаснува Debby Herbenick, експерт за сексуално здравје на Универзитетот Индијана во САД.

Таа и нејзините колеги направиле студија со 1661 мажи од САД и откриле дека 83 отсто од нив имале пократки пениси од стандардните кондоми. Просечната должина на пенисот била 14 сантиметри.

Просечниот пенис во ерекција изнесува 13 см

Според глобалното истражување на британските експерти објавени во BJU International Journal of Urology, ситуацијата е уште покомплицирана – просечниот пенис во ерекција е долг помалку од 13 сантиметри.

Експертите за кондомите сметаат дека дошло време за некои промени.

“Ако купувале мали кондоми, а тие и понатаму им биле премногу големи, тоа е страшно искуство за мажите”, вели Davin Wedel, претседател на Global Protection Corp. од САД, компанија која производува кондоми.

Тие почнале со продажба на кондоми во 60 големини – во комбинации од десет должини и девет опсези. Wedel додава дека во првите неколку часа ги продале во сите големини, открива New York Post.

loading...