Мажите полесно настинуваат

165

Мажите со векови се жалат дека потешко поднесуваат вирози и настинки од жените. Но, едно истражување на германски научници покажува дека можеби сепак има вистина во оваа појава која досега се сметаше за анегдота.

Според доктор Бетрикс Грубек Лобенштајн, имунолог од универзитетот во Инсбрук, постои разлика во начинот на кој телата на мажите и жените реагираат на настинки и вирози. Нејзиното истражување покажало дека мажите навистина полесно се разболуваат од жените и потешко се борат против вирусите.

Причината за разликата во реакцијата на машкиот и женскиот организам е во хормоните, конкретно во женскиот хормон естроген кој помага во брзото размножување на антителата кои се борат против вирусите. Од друга страна, машкиот хормон – тестостеронот – му дава поголема физичка сила на машкото тело, но има негативен ефект врз размножувањето на антителата.

Германските научници сметаат дека причината за создавањето на оваа разлика во текот на еволуцијата е женската улога во создавањето на потомството, поради што имунитетниот систем на жената еволуирал станал понапреден за да помогне да се заштити фетусот или бебето од инфекции.

Од друга страна, тестостеронот помага во еволутивната задачата на мажот да обезбеди храна, давајќи му дополнителна физичка сила за борба, но тоа повлекува одредена цена – послаб имунитет.

loading...