Мажите со крвна група А, Б или АБ имаат четири пати поголем ризик да страдаат од импотенција | Видео

2981
Booking.com INT

Голем број на мажи ширум светот страдаат од импотенција поради дебелина, дијабетис или поради старост, но научниците сега тврдат дека оваа дисфункција може да биде поврзана и со крвната група. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во една нова студија се твдри дека мажи со крвна група А, Б или АБ имаат четири пати поголем ризик да страдаат од импотенција, односно ерективна дисфункција, за разлика од мажите кои имаат нулта крвна група.

Овие откритија се значајни бидејќи речиси половина мажи во светот имаат крвни групи А, Б или АБ.

Научниците кои дошле до овој заклучок велат дека тој ги потврдува претходните истражувања кои покажале дека крвната група влијае и на ризик од развој на срцеви болести.

Еден од 10 мажи доживуваат ерективна дисфункција во животот. Иако лековите како „Вијагра“ го револуционализираа лекувањето на оваа дисфункција, 30 отсто мажи не чувствуваат подобрување по земањето на лекот.

Во истражувањето учествувале 350 мажи во 60-тите години од животот, кои биле поделени во две групи, тие кои имаат проблем и тие кои немаат проблем со потенцијата. На секој од учесниците во истражувањето му била проверена крвната група., при што е утврдено дека повеќето мажи со крвна група А, Б и АБ имаат проблем со импотенција.

Теоријата за влијанието на крвната група врз здравјето на луѓето се појави уште пред околу 100 години.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...