Мажите со помал број на сперматозоиди се изложени на болести

66
Booking.com INT

Поверојатно е дека ќе имаат повеќе масно ткиво, повисок крвен притисок и повеќе од лошиот холестерол.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Мажите со низок број сперматозоиди се со поголема веројатност да страдаат од голем број здравствени проблеми, што ги изложува на поголем ризик од болести, покажало новото истражување пренесува BBC.

Истражувањето во кое учествувале 5.177 мажи покажале дека оние со низок број сперматозоиди имале 20 проценти поголеми шанси да имаат повеќе масно ткиво, висок крвен притисок и повеќе лош холестерол.

Тие исто така имале поголеми шанси за пониско ниво на тестостерон.

Авторите на студијата велат дека таа покажала дека мажите со мал број сперматозоиди би требало подетално да се прегледаат.

Малиот број на сперматозоиди и нивниот слаб квалитет се јавуваат кај секој трет пар кој има тешкотии во зачнување на дете.

За целите на ова истражување, научниците ги анализирале мажите во неплодните двојки во Италија за да утврдат дали квалитетот на спермата е поврзан со општото здравје на мажот.

Тие утврдиле дека мажите со мал број сперматозоиди имаат метаболички синдром – комбинација на фактори на ризик, вклучувајќи и повисок индекс на телесна маса и покачен крвен притисок. Тоа го зголемува ризикот од развој на дијабетес, срцеви заболувања и мозочен удар.

Тие, исто така, имале 12 пати поголема веројатност да имаат ниски нивоа на тестостерон, што ја намалува мускулната маса и коскената густина, може да биде претходник на остеопороза, состојба во која коските ослабнуваат и полесно пукаат.

Главниот истражувач Алберто Ферлин вели: “Неплодните мажи се со поголема веројатност да имаат и сериозни здравствени проблеми или ризик фактори кои го влошуваат квалитетот на животот и можат да го скратат животниот век.”

Анализата на плодноста обезбедува единствена можност на мажите да го проценат своето здравје и да ја спречат болеста.

Научниците истакнуваат дека нивното истражување не покажало дека мал број сперматозоиди предизвикува метаболни проблеми отколку дека се поврзани со нив.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...