Џејмс Њуман направил огромен компјутер во дневна соба за да игра Тетрис

489

Џејмс Њуман направил огромен компјутер во неговата дневна соба, во својот бунгалов во кембриџ, на кој планира да игра Тетрис.

Неговиот микропроцесор на кој почнал да работи во 2012 година е долг десет, а широк два метра. Изработката на процесорот, микропроцесорот и чиповите Њуман го чинела околу 46.000 евра. Огромниот компјутер содржи 40.000 транзистори и 10.000 LED светла, а тежи половина тон. 

Џејмс до сега користел обични компјутери за играње Тетрис, а сега на магијата на оваа популарна игра може да се препушти на својот мега компјутер.

Џејмс Њуман тетрис

Во видео демонстрацијата и описот на компјутерот Њуман истакнува дека не е лесно да се игра оваа игра. Овој инженер на дигитална електроника процесот на изработка го почнал пред четири години, а своето знаење за транзисторите сакал да ги визуелизира на микропроцесори.

Џејмс Њуман
Џејмс Њуман

„Можеби машината на вашата маса е милион пати подобра од оваа која ја направив, но мојата е многу поубава‟ – рекол Њуман за Би-Би-Си.

Тој додава дека неговиот мега компјутер исто така има 10.000 пати повеќе LED диоди. Тој се надева мегапроцесорот да го користи како образовна алатка и во текот на летото во својата куќа има намера да организира денови на отворени врати за сите заинтересирани.

„Се сомневам дека ќе го продадам. Мојот сон е да го поставам во образовен Институт или музеј за да можат луѓето да научат нешто‟ – рече тој.

loading...