Македонија започна со победа во Мец

777

Репрезентацијата на Македонија го совлада тунис со 34:30, полувреме 13:14, на воведниот натпревар од ракометното СП во Франција.

Капитенот Кирил Лазаров имаше маестрална партија со 12 голови и разбирливо беше избран за играч на натпреварот.  Манасков и Стоилов постигнаа по седум погодоци.

Пресвртен момент во натпреварот беше во  45’ кога македонија израмни на  25– 25, откако туниските ракометари по почетокот на воторот полувреме постојано водеа со 2 до 4 гола разлика. Во 51’ Македонија поведе со 29 – 28, а во 53’ клучна одбрана имаше Трајковски и преку контрите  на Мансков се создаде посериозна разлика што ја одржавме до самиот крај.

Следниот натпревар Македонија го игра со Ангола во сабота.

Во другите натпревари од денешната програма Словенија ја победи Ангола со огромни 42:25, а Русија беше подобра од Јапонија со 39:29.

loading...