Македонска иновација | Апликација за поблиска поврзаност меѓу туристите и локалните жители

275

Неколку програмери од Македонија направија нова старт-ап апликација која ќе ги поврзува туристите од Балканот со локални жители, кои нудат туристички услуги.

Се работи за програмата „When in X“, именувана според познатата поговорка „Кога си во Рим, однесувај се како Римјанин“.

– Сметаме дека на туристичката индустрија нешто и недостасува. Со „When in X“ го решаваме проблемот на туристите, но им даваме можност на локалните жители да ги понудат своите услуги без потреба да плаќаат промоција, вели Антонио Кузмановски, еден од креаторите на апликацијата.

Апликацијата е дело на компанијата Вебглајдерс, а има за цел – посетителите да можат да добијат информации за рекреативните активности, случувања и турите, кои би ги презеле локалните жители.

– Дури кога ќе се спријателите со локалните жители, можете навистина да почувствувате некое место, додава Антонио.

Апликацијата е достапна на Епл Стор и Гугл Плеј Стор. Засега функционира само во Македонија, но крајната цел на креаторите е таа да се употребува на цел Балкан, па и пошироко во светот, до крајот на 2019.

loading...