Македонците се намалуваат повеќе од 3.000 годишно

1584

Последниве тринаесет години природниот прираст кај Македонците, Србите и Власите е нагативен, додека кај Албанците, Турците, Ромите и Бошњаците тој е постојано во пораст, тврди Дончо Герасимовски, демографски аналитичар и поранешен директор на Државниот завод за статистика.

– Повеќе од десет години природниот прираст кај Македонците, Србите и Власите е во негатива. Православното население се намалува за околу 3. 500 лица годишно. За разлика од него, населението со исламаска вероисповест, односно Албанците, Турците, Ромите и Бошњаците се зголемува годишно за 6.500 лица. Таква е состојбата од 2004 до 2014 година. Трендот на намалување на Македонците е речиси во 58 општини, а во поедини таа бројка се движи од 2.000 до 3.000 годишно. Повеќе умираат отколку што се раѓаат, вели Герасимовски.

Според неговите податоци, од вкупно 80 општини во 76 има појава на албанско население, а само во четири нема. И секаде каде што има албанско население природниот прираст е во позитива.

– Исклучок се само општините: Богданци, Пехчево, Карбинци и Вевчани во кои нема албанско население, вели Герасимовски.

Мерките на претходната власт, како на пример, онаа за многудетни семејства, потоа, помош за склучување на бракови заради зголемување на наталитетот со дарување на ракија, вино, како на пример во општите Лозово и Кривогаштани, парична помош за новороденче и одредени други парични надоместоци, не даваат доволно резултати кај Македонците.

Испразнети региони

Герасимовски вели дека 50 отсто од регионите се испразнуваат, се намалува бројот на жители и има негативен природен прираст.

– Негативен природен прираст има во три региони, а во четири има намалување од 2002 година. Карактеристични се вардарскиот регион, кој има 9 општини, а во 7 општини има намалување на населението. Во источниот регион има 11 општини, а во 10 општини има намалување. Исклучок е само Штип. Таму нема намалување. Во останатите 10 општини, во сите има намалување на бројот на ученици. Во овој регион е карактеристично што многумина заминуваат на сезонска работа во летниот период во Италија. Таков е случајот со малдите од Македонска Каменица. Во општина Зрновци, на пример, се случува, од 10 до 15 деца да се родат овде, а од три до седум во Италија, вели Герасимовски.

Негативен природен прираст има и во пелагонискиот регион, кој има 9 општини, а во 8 општини има намалување на населението. Се намалува бројот на Македонци во Прилеп, Битола, Ресен и во другите општини. Крушево е веќе мртов град, вели Герасимовски. Според податоците на Герасимовски само во скопскиот и во полошкиот регион има зголемување на бројот на населението.

– За овие региони е карактеристично тоа што само тука има зголемување на населението. Во скопскиот регион каде што има концентрирано многу население, таму сите општини се во пораст, освен во Карпош и во Кисела Вода. Во овие две општини повеќе од десет години има негативен природен прираст. Во североисточниот регион има 6 општини и во 4 од нив природниот прираст е негативен. Само во двете општини од мешан етнички состав, Куманово и Липково, има позитивен прираст и само таму нема намалување на населението. Во Ранковци, Крива Паланка, Сатро Нагоричани се во негатива. Селата се празнат. Во југозападниот регион има 9 општини, таму 4 се со негативен и претежно се мешан состав, појаснува нашиот соговорник.

Трендот на намалување на христијаните не е смо кај нас туку таква е состојбата и во богатите европски земји, што значи, стандардот на жителите не е причината за „белата чума“.

Предвидувања на „Пју“- изеданчување на муслиманите и христаијаните

Пред две години меѓународен статистички институт „Пју” излезе со предвидување дека до 2050 година, христијаните во Македонија ќе станат малцинство, а исламот ќе биде најбројна религија. Според „Пју”, кој се занимава со истражување на наталитетот, демографијата и религиите, намалување на бројот на христијаните ќе има во целиот свет. Овој институт предвудува дека до 2050 година, во 175 земји низ целиот свет, ќе се изедначи бројот на христијани и муслимани.

Во Македонија веќе 15 години не е направен попис и не е јасно како институтот „Пју“ дошол до податок дека во 2010 година процентот на муслимани бил 39 проценти. Според предвидувањата на овој институт, за 30 години тој процент ќе се зголеми на 56, со што исламот ќе биде најголема религија во Македонија.

Воедно, во следниве три децении вкупниот број на жители во Македонија ќе падне од 2 милиони и 60 илјади, на само 1 милион и 650 илјади жители. Во Македонија ќе има 500.000 христијани помалку, затоа што падот на населението ќе биде во христијанскиот дел од популацијата од 1,2 милиони христијани, на одвај 700 илјади христијани во целата држава. Бројот на муслиманите поради високиот наталитет ќе се зголеми од 809 илјади на 927 илјади муслимани во Македонија.

Ова се предвидувањата на „Пју“

Но, со оглед на запишаната сомнителна бројка на муслимани, 39 проценти во 2010 година, истражувањето треба да се земе со резерва, иако никој не спори дека падот на наталитетот е кај христијанската популација

Загрижува тоа што продолжува трендот на намалувањето на бројот на жителите во повеќе општини во источниот дел од земјава за разлика од десетина општини во западниот и северозападниот дел од земјава. Општини со највисок наталитет се Тетово, Чаир, Сарај, Куманово и Студеничани, додека со најмал наталитет се Битола, Карпош, Прилеп, Велес, Кочани и Охрид

Во 2013 година, првпат откако постои Македонија, бројот на живородени етнички Македонци беше под 50 отсто од вкупниот број родени деца во државава. Така, на пример, во 2012 година Македонците во бројот на новородените учествувале со 52,7 процента, а 2013 со 49,9 отсто.

Експертите предупредуваат дека демографските проблеми со кои се соочува Македонија се сериозни и дека справувањето со нискиот наталитет, особено кај христијанската популција, а во тој контекст и со сериозно намалениот природен прираст, бара комплексен приод. Поддршката од различен аспект за зголемување на наталитетот е неминовна, а истражувањето на „Пју“, како и податоците на статистичарот Дончо Герасимовски  можат да послужат како аларм дека треба да се преземат итни мерки за да се спречи трендот на намалување на христијанското население.

Инаку, според пописот од 2002 година, во вкупното население Македонците учествуваа со 64,2 отсто, Албанците – 25,2, Турците – 3,9, Ромите – 2,7, Србите – 1,8, Власите – 0,5, Бошњаците – 0,8 проценти. Што значи, од 1948 до 2002 година, бројот на Албанци се зголемил за околу 10 проценти.

За МИА Ирена Радовановиќ

loading...