Мали корисни трикови за подобро здравје

1019
Booking.com INT

Иако е предмет на истражување од кога луѓето постојат, човечкото тело сѐ уште крие многу тајни.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Веројатно мислите дека со помош на модерната медицина можеме да дознаеме сè, но тоа не е секогаш случај.

Понекогаш најчудните трикови можат да ви помогнат во лекување!

Грло

Ако имате воспаление во грлото се препорачува многу чај и мед, меѓутоа, постои нешто друго што можете да направите. Направете гаргара со солена вода на секои неколку часа, со цел да ги убиете штетните бактерии (во чаша топла вода, растворете лажица морска сол).

Според специјалистите за уво нос и грло, Скот Шафер, од Њу Џерси, треба да го скокоткате увото, кога станува збор за грчеви во мускулите на грлото.

Смирете ги своите нерви

Кога сте под стрес, измијте се со ладна вода и задржувајте го здивот. Студеноста би требало да предизвика “нуркачки рефлекс”, кој го оптимизира начинот на кој телото користи кислород. Вашите мускули ќе се релаксираат и ќе бидете помирни. Ако пиете ладна вода или одите под ладен туш, тоа ќе има сличен ефект.

Изборете се со стравот од игла

За да успеете безболно да поминете тестирање на крвта, почнете да кашлате кога медицинската сестра става игла. Треба да ѝ напоменете дека ќе го направите тоа, за таа да не ја промаши својата цел. Кашлицата ќе ги тргне мислите од иглата, така што не мора да се плашите.

Отпушете го затнатиот нос

Кога носот нѝ е затворен, тешко се фокусираме на сè друго. Обидете се да го отпушите така што со јазикот ќе го притискате непцето, а со прстите ќе го притиснете просторот помеѓу веѓите. Ова треба да трае околу 20 секунди, а потоа пуштете, па по 20 секунди повторете ја постапката.

Спречете настанување лузни од изгореници

Наместо да ставите мраз на изгореници од 1 степен, само притиснете го погоденото подрачје со перничињата на прстите. Ова ќе го забави процесот на хомеостаза на вашето тело и не треба да има непријатни пликови. Вашата кожа природно ќе заздрави и нема да има лузни.

Ослободете се од забоболка

Ако имате чувствителни заби или се чувствувате дека наскоро забот ќе почне да ве боли, земете пакет мраз и поставете го на образот и полека движете го напред – назад. Вашето тело ќе се фокусира на чувството во раката и не треба да чувствувате болка. Ако ова сепак не успее, секогаш можете да се потпрете на масло од карафилче или да гризете зрно од каранфилче.

Избегнете ја нервозата

Некои луѓе едноставно чувствуваат нервоза поинтензивно од другите, но постојат трикови кои можат да им помогнат да се смират и да продолжат понатаму. Дувањето во палецот е еден од одличните начини да се опуштите. Оваа едноставна задача ќе ве натера да се фокусирате на дишењето и на тој начин да го забавите пулсот.

Ослободување од мигрена

Ослободете се од мигрена со едноставно притискање на вашите мускули помеѓу вашиот десен показалец и палец, користејќи го палецот од левата рака и средниот прст. Држете го мускулот околу 2 минути, а потоа повторете ја постапката на спротивната рака. Ова место на раката се користи за акупресура за да се олесни тензијата и да се стимулира протокот на крв.

Третирајте ги раните со мед

Нанесете малку мед на раната пред да ја завиткате со завој. Верувале или не, медот има силни антибактериски својства. Една неодамнешна студија покажала дека медот може да ги уништи речиси сите видови на бактерии кои можат да влијаат врз инфицирање на раните.

Проблеми со желудечната киселина

Хранопроводот и желудникот се поврзани под агол. Кога спиете на десната страна, желудникот е повисок од хранопроводот, заради што храната и желудечната киселина се лизгаат до грлото. Кога спиете на левата страна, желудникот е понизок од хранопроводот, па гравитацијата работи во ваша корист.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...