Мамо, јас не знам како е тоа – да живеам без тебе …

16112
Booking.com INT

Мама има 70 години. Таа ми тутка круши и јаболка, и вели со извинување: “Не се многу убави кога ќе ги погледнеш, но тие се многу вкусни. И не се прскани, од нашата градина се. Земи, знам дека ги сакаш … “

Bitcoin Exchange CEX.IO

И јас ги земам. Земам и сирење. Затоа што го сакам сирењето на мајка ми. Одам, седнувам во автомобилот, заминувам.

И повторно некаде се движам. Брзам. Менувам градови и временски зони. Кај мајка ми доаѓам кога можам. По сите свои активности. По кафе со пријателите, и маникирот во салонот.

Ѝ носам нешто вкусно, и брзо прашувам – како е, што има ново, со нетрпение ја слушам (па што може да биде ново кај неа и кај татко ми), станувам иронична во врска со нејзините, за мене безначајни, проблеми и грижи. И пак заминувам – трчам по своите обврски.

Мајка ми задолжително ќе ми каже дека одам лошо облечена, дека не го чувам грлото, затоа кашлицата и не поминува. Таа ќе ми каже дека многу работам, и дека е време да се смирам. Ќе се согласите со мене дека животот е комплициран, и дека не е страшно ако не можам често да доаѓам кај неа.

A живееме 20 километри една од друга. Редовно ѝ се јавувам, и ги слушам деталните приказни за пазарот, сестрата на која ѝ е многу тешко на село, за тоа дека доматите не родиле, бидејќи имало суша, дека кучето на соседот ја гризна нашата мачка…

Не ми е интересно. И ми се чини дека во нејзиниот живот, не се случува ништо важно. Станувам малку лута кога ќе ми се жали на своите болести, ја молам да отиде на лекар, а таа само одмавнува. Но, јас не сум доктор, како можам да знам какви лекови, на крај на краиштата, треба да се пијат!

Мајка ми, одеднаш, нажалено вели: “Па, на кој ќе му се пожалам, ако не тебе …”
И јас занемувам, држејќи го мобилниот телефон во рака и сфаќам дека сум многу неправедна. И дека овој нејзин ѕвонлив глас, и сите нејзини зборови, и сите наши вечни дебати за тоа која од нас е во право, и нејзините негодувања, и моите изговори – сето тоа и е нашиот живот. Оној кој е тука, и сега ..

Скокам, се возам до неа “непланирано”, таа успева да ми испече лепињи, татко ми ми нуди да се напијам чаша домашно вино. Вино не можам. Возам. Тој пие сам, и го фали своето вино. Се смееме …

Се завиткувам во шалот на мајка ми, студено е. Мајка ми брзо става дрва во шпоретот. И Јас сум, пак, мало безгрижно, среќно девојче. И сето тоа е вкусно. И топло. И нема никакви проблеми …

Мамо, мамо, само долго поживеј ми, бидејќи јас не знам како е да не го слушнам твојот глас, како е без твојата кујна и топлината на домот кои ти ги создаваш … Јас не знам како е тоа – да живеам без тебе …

Споделете со вашите пријатели … !!!

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...