Мапа на ерогени зони – како најлесно да откриете што ви дава задоволство

1219
Booking.com INT

И запомнете дека вашата мапа на ерогените зони не е статична, туку е динамична. Таа се менува како што се менувате и вие, се менува, исто како што се менува вашиот однос со вашиот партнер.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Една млада клиентка го коментираше разговорот со своите пријателки. Таа се смееше и ми раскажа дека зборувале за ерогените зони и се прашувале дали се “нормални” или не? Две од нив раскажувале дека не ги возбудуваат допири по “класичните” ерогени зони, туку се возбудуваат од допири по некои “чудни” делови од телото.

Таа рече дека една од нејзините пријателки ја возбудуваат допири по прстите на нозете, особено кога нејзиниот партнер ќе ги стави прстите во уста. Другата рече дека најмноги ѝ годи партнерот да ја допира по грбот, со широки движења.

Ниту една од нив не почувствувала дека нејзината ерогена зона е вулвата, а сметаат дека треба да биде така. Мојата клиентка им ветила дека ќе го праша својот терапевт да ѝ каже дали тоа е “нормално” или не?

tumblr oz55o7GS0k1tw5trjo1 540

Сопствената мапа на ерогени зони важно е да му се претстави на својот партнер

Важно е да сте задоволни

Ѝ реков дека е најважно да ѝ е убаво и угодно, па каков и да дел од телото се допира. Верувам дека тоа е златно правило – да се запознае своето тело и да се направи своја мапа на ерогени (или како и да ги наречеме) зони, кои ќе обезбедат задоволство и уживање.

За оние кои сакаат дефиниции, еве дефиниција за ерогени зони: “Дел од телото кој со стимулација побудува еротска желба … Може да вклучува и специјални сетила кои предизвикуваат сексуална возбуда”

Се разбира, со внимателно читање на оваа дефиниција, немаме точна информација лоцирана на одредени делови од телото, бидејќи, всушност, секој дел од телото под одредени околности може сексуално да се возбуди.

Американскиот сексуален терапевт Marty Klein, вели, дека поимот “ерогена зона” застарел и дека е ограничен, а нашата култура постојано се обидува со негова помош да го одвои сексот од остатокот од животот.

Вели дека размислувањето за ерогените зони, секој од нас го дели на две различни тела – сексуално и “она другото”, а со тоа нè ограничува и збунува во доживувањето на единственоста и сексуалноста на целокупното наше битие.

Можеби читајќи за ерогените зони сте се сретнале со поделбата на основни и секундарни ерогени зони. Под примарна ерогена зона се сметаат гениталиите, а под секундарна другите делови од телото, како што се усните, градите, вратот. Исто така, постојат и “скриени” ерогени зони. Без оглед на дефинициите и поделбите, без оглед на тоа дали ве возбудува допирањето на делови од телото, онака како што е напишано во некое упатство или токму спротивно, допирите на тој дел од телото ви создава нетрпение и ви пречи, можете да бидете мирни, бидејќи тоа што вас ве возбудува или не ве возбудува е дел од вашата персонална мапа на ерогени зони и таа важи за вас, но не мора да важи за ниту едно друго лице.

tumblr oz569uTzFp1u8g2jro1 500

Кога сме возбудени, нашите тела често уживаат во поинтензивен и посилен допир отколку кога не сме возбудени

Мапа на ерогени зони

Вашата мапа на ерогени области важно е да ја претставите на вашиот партнер. Начинот на кој ќе го направите тоа, ваш е избор. Можеби во сензуална игра ќе шепнете што сакате и каде сакате да ве допире; може да биде поприфатливо да ги ставите неговите/нејзините раце на местата каде што сакате да ве допира … или на некој трет начин. Сеедно. Важно е да уживате во меѓусебните допири.

Можеби ќе сакате заедно да создадете мапа на ерогени зони, истражувајќи ги областите на вашите тела заедно. Еве една вежба која може да ви помогне да создадете своја мапа ерогени зони: Вежбата е најдобро да се прави во време кога не сте премногу уморни, бидејќи заморот може да биде дистрактор и да оневозможи посилно чувство. Вежбата правете ја во топла соба. Ако сакате, можете да вклучите некоја лесна музика во позадина, бидејќи и одредена музика може да ја зголеми возбудата.

Дишете длабоко и отворете ги сетилата. Едно од вас ќе легне, а другиот ќе се пушти во истражување (по некое време заменете ги улогите). Редоследот на допирање го одредува секој пар за себе, но овие делови не треба да ги прескокнете (тоа се оние, претходно споменатите скриени ерогени зони): стапала, колената одзади, внатрешен дел на препоните, перинеумот, задникот, грбот, долниот дел на стомакот, рамената, дланките и рачниот зглоб, надворешниот раб на дланката, прстите и зглобовите меѓу прстите, ушните ресички, косата и влакната. Вклучете ја имагинацијата, и ќе најдете и други делови од телото кои ќе бидат значајни на вашата мапа на ерогени зони.

Кога сме возбудени нашите тела често сакаат поинтензивен и посилен допир од оној кога не сме толку возбудени, па бидете мудри во градацијата на допирите. Истражувањата треба да започнат внимателно и нежно, а потоа додека расте возбудата, допирите можете да ги интензивирате и зголемите.

Добро е да се истражуваат видовите и јачината на допирањето, бидејќи и начинот на кој пристапуваме кон ерогената зона може да направи таа област да предизвика повеќе уживање.

tumblr oyo5p6an2O1v8hcteo1 400

Дишете длабоко и отворете ги сетилата

Не заборавајте да истражувате

Не споменав ниту еден орган кој нѝ е важен кога зборуваме за ерогени зони, некои го нарекуваат дури и најважната ерогена зона – мозокот. Сексуалната реакција во телото се базира на некоја стимулација која доаѓа од нашите пет сетила кои се обработуваат во мозокот.

Нашето тело ќе реагира на сексуален начин, само ако мозокот го протолкува тој допир или мирис (или звук) како еротски стимулус. Значи, нашиот мозок е медијатор во процесот на еротската стимулација и возбуда, и затоа навистина можеме да кажеме дека мозокот е основната или најважната ерогена зона.

Обидете се да ги истражите вашите мисли и ставови, за она што е еротско за вас, а што не е. Обидете се да размислите за некој дел од вашето тело кое не е еротско за вас, како еден од најеротичните делови на телото – додадете свои фантазии кои можат да ви помогнат. Додадете и мириси во вашата игра – ако чувствувате некој мирис во моментот кога сте сексуално возбудени и надразнети, можно е тој мирис во некоја друга ситуација да се сеќава на моментот на возбуда и да ви помогне повторно да се возбудите. Додадете и вкусови. Полека поместувајте ги границите на сопствените ерогени зони сè додека на вашата мапа не се стават многу повеќе такви зони, отколку што биле на почетокот на истражувањето и размислувањето.

И запомнете, вашата мапа на ерогените зони не е статична, туку е динамична. Се менува како што се менувате вие, и се менува како што се менува вашиот однос со вашиот партнер.

Носете ја со вас во нова врска, презентирајте ја на вашиот нов партнер, бидејќи вашата мапа сè уште не ја познава, но дајте слобода на промени кои можат да се случат со нови истражувања на сопственото тело и ставови.

Наташа Баролин Белиќ

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...