Мариа Дибиаџио ќе ја обиколи Македонија со велосипед

663

Мариа Дибиаџио, спортист и хуманитарец од Крива Паланка, ја почна рутата за обиколка на Македонија со трчање и велосипед, а ќе ја овековечи во документарен филм. 

Документарецот ќе се снима во рамки на проект на Здружението за поддршка на маргинализирани групи, Пинк супорт, чиј основач е Дибиаџио, а ќе се промовира на посебен настан во септември годинава.

– Идејата е со трчање и возење велосипед да ја обиколам Македонија, посетувајќи ги знаменитостите во регионот и прекрасните убзвини низ кои минувам. Почнавме попладенево од манастирот Св.Јоаким Осоговски во мојот град, преку Ранкобце, каде израснав, па Кратово и локалитетот Куклица со прво преноќиште вечер во Пробиштип. Планирам да минувам 80 до 100 километри дневно и да ги посетам сите коти – гранични линии на Македонија со соседните држави, изјави Дибиаџио.

loading...

На патот ќе ја придружува волонтер од Црвен крст – Крива Паланка.

– Се надевам ќе ја исполнам зацртаната цел, да бидам прва дама која ќе ја обиколи државата и да поттикнам повеќе спортисти да практикуваат здрави животни навики и да ги откриваат и промовираат бројните природни убавини на нашата татковина, додаде Дибиаџио.

Филмот ќе се промовира на 3 септември во Скопје како најава на традиционалната хуманитарна трка Пинк ран 2017.

loading...