Марија Монтесори | 7 правила кои ќе ви помогнат да бидете најдобар родител

13279
Booking.com INT

Марија Монтесори припаѓа на еден мал број педагози кои во 20-от век помогнале во напредокот на начинот на кој размислуваме за воспитувањето на децата.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Оваа Италијанка е позната по осмислување на кратки, мудри и лесни за помнење правила кои на секој родител може да им помогнат да воспитаат среќно и дете со самодоверба.

Да се биде родител во денешно време, кога нашите деца се “изложени” на влијанија од најблиската околина, е голема но, најважна задача. Мислите на Марија Монтесори насочени кон родителите и кон нивниот пристап во одгледувањето на децата, претпоставуваат дека сите деца се за воспитување според методот Монтесори, но не и сите родители.

Всушност, родителите кои не ги почитуваат интересите на детето, сите оние кои за своите деца однапред сѐ планираат, а некои и одработуваат, кои не овозможуваат детето само, со нивна помош да се развива, тие родители ги отфрлаат основните принципи на Монтесори педагогијата и не се на патот кој го следи методот Монтесори, вели Narcisa Buczynski, директор на Основното училиште Монтесори на бароницата Dedee Vranyczany.

Прочитајте ги 7-те правила за воспитување на Марија Монтесори, кои ќе ви помогнат да бидете подобар родител:

1. Децата учат од она што ги опкружува

Средината во која детето расте, во првите три години од животот се од суштинско значење за неговиот севкупен развој. Детето “апсорбира” неселектирани стимули од околината и учи за сè што го опкружува. Затоа, родителите треба да вложат труд да му овозможат на детето слободно да ги изразува основните психолошки потреби за движење, редот, јазикот и љубовта, објаснува Narcisa Buczynski.

2. Ако детето често е критикувано, детето всушност учи како да ги осудува другите. Ако детето често добива пофалби, детето всушност учи како да ги проценува другите.

Пристапот на наградување и пофалби, Марија Монтесори го рангира во областа на детскиот труд и занимавање со нешто, и со негова успешна реализација. Самото задоволство на детето за завршениот труд е награда за тоа дете, и не му се потребни дополнителни пофалби, вели Buczynski.

3. Почитувајте го детето и кога ќе погреши. На тој начин, грешките побрзо ќе се корегираат.

Почитувањето, кое сите кои сме вклучени во воспитувањето на детето го изразуваме кон него, основа е на односот кој ќе резултира со однос кон животната средина во иднина.

Важна е слободата на изборот на детето кое во моментот самото ќе избере со што ќе се занимава, а од тоа произлегува високата ефикасност на процесот на учење, без разлика на кое и да е ниво. И кога ќе направи грешка тоа е дел од учењето, детето треба да се обиде самото да ја отстрани пречката и правилно да ја реши задачата, советува Buczynski.

4. Ако детето живее во пријателска атмосфера и чувствува дека на другите им е потребно, ќе научи како да пронајде љубов.

Ако детето живее во пријателска атмосфера во која постојано било охрабрувано, во која го почитуваат неговото право да избира, на почитување на неговите интереси, нема да биде разочарано, тоа ќе се чувствува исполнето и неговата самодоверба ќе биде на високо ниво.

5. Ако на детето му се дава поддршка, ќе биде самоуверено.

Помогнете му на детето порано да ги надмине работите во животот. Тоа може да го постигнете ако се погрижите, светот со кој детето е опкружено, е исполнето со приврзеност, мир и љубов.

Да поттикнете дете, важно е како ја набљудувате спонтаната љубопитност и истражувачкото однесување. Интересите се природни претпоставки за воспитување на секое дете, па така Марија Монтесори го воведе концептот на период на посебна ранливост. Тоа е важен индикатор за родителите за тоа како да го соочат своето дете со колку што е можно повеќе стимули.

Тоа се периоди во кои кај детето е изразена склоноста само за одреден тип на стимуланси на кои детето реагира спонтано (учење на некоја вештина, на нпр. пишување). Затоа, детето треба да се надгледува и на време да се препознае и да се реагира на тоа, затоа што тие периоди се временски ограничени. Само тогаш детето со леснотија, без замор и со радост совладува одредени вештини, објаснува Buczynski.

6. Бидете секогаш подготвени да му помогнете на детето кога му е потребна помош, и да застанете настрана кога детето го пронашло она што му треба.

Кога детето ќе ви пристапи, секогаш послушајте го неговото прашање или замолница и одговорете на неговото барање.

На детето му е потребна помош, а не вие тоа да го направите за него, важен е зборот: “Помогни ми тоа да го направам сам.” Ова во секој случај, бара многу повеќе време, напор и трпение за секој родител, но резултатите се трајни и детето е среќно, бидејќи тоа самото ја совлада тешкотијата, советува Buczynski.

7. Пред детето секогаш однесувајте се убаво. Покажете му како да биде најдобар човек кој може да биде.

Најважно е да се биде добар пример за своето дете, начинот на кој ние се однесуваме едни кон други, кон својата околина и кон детето е основа на неговото идно однесување.

Марија Монтесори вели дека возрасниот тешко може да се промени, па затоа треба да започнеме со детето, заклучува Narcisa Buczynski, директор на Основното училиште Монтесори на Бароницата Dedee Vranyczany.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...