Марко Чаласан | Благодарам, но помош не ми е потребна

78452

Еве ја реакцијата на Марко Чаласан на повикот да му се помогне оти останал на улица и без пари, објавена на неговиот ФБ профил.

“Би сакал да се изјаснам за ситуацијата која се појави.

Би сакал да ве известам дека иако поминувам низ многу тешко време со смртта на мојата мајка, сепак имам семејство кое е спремно да ме подржува во секој момент.

loading...

Вестите кои се шират како и апелите за помош од народот, иако се добронамерни, мислам дека создаваат слика дека јас немам фамилија која може да се грижи за мене и да ми ги задоволи потребите, и затоа апелирам кон јавноста да ми помогне. Ова е неточно, јас сум сместен заедно со мојата фамилија во мој стан каде имам стабилна платформа за мојата иднина.

Знам дека вашите понуди за помош се целосно добронамерни, но сепак генералната јавност нема причина да се грижи за мојата ситуација. Ви благодарам за подршката.”

loading...