Маск објави први фотографии на “Моделот 3” на Тесла | Видео

762

Погледнете како изгледа првиот електричен автомобил наменет за широк пазар.

Основачот и извршниот директор на Тесла, Елон Маск споделил со јавноста први фотографии на електричниот автомобил Модел 3 штом излегол од производната лента, објави во неделата ББС.

Маск на Twiter објави фотографии од автомобилот пред фабриката во Калифорнија со текст “Прв произведен Модел 3”.

loading...

„Модел 3“ е првиот автомобил на Тесла наменет за широк пазар, а на првите 30 сопственици клучевите ќе им бидат дадени на 28 јули.

Автомобилот со четири врати од тој датум ќе биде достапен на пазарот, со основната цена од 35.000 долари, што е помалку од моментално најевтиниот модел на Тесла.

Цената на акциите на компанијата се зголемила двојно во периодот од декември 2016 година, и на крајот на јуни оваа година, откако инвеститорите ја поддржале Масковата стратегија за преминот од производство на луксузни електрични возила на возила за широк пазар. Но, потоа таа повторно паднала.

Бројот на регистрираните автомобили во Калифорнија, на најголемиот пазар на Тесла, падна во април 24 отсто во однос на април 2016 година.

Тесла објави дека во првата половина на 2017 година доставиле 47.100 возила, што е долната граница од предвидените 47.000 до 50.000 автомобили.

Во последната целосна фискална година, компанијата остварила загуба од 889 милиони американски долари.

loading...