Мастурбацијата кај жените е лек против многу здравствени проблеми

1702
Booking.com INT

Подобар сон, подобро расположение и здрава матка се само некои од придобивките на женската мастурбација, според бројни истражувања.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Многу е кажано за многуте здравствени придобивки од сексот. Но, во тој контекст, ретко се говори за мастурбацијата, особено за женската. Сѐ повеќе истражувања во последниве години се занимаваат со оваа тема, а наодите покажуваат дека и женската мастурбација исто така носи многу бенефиции.

Инфекции

Мастурбацијата помага да се спречи инфекцијата на грлото на матката, но, исто така, има корисен ефект врз инфекциите на уринарниот тракт. Познато е дека мастурбацијата го намалува ризикот од рак на простата кај мажите, но најновите истражувања покажуваат дека го намалува ризикот од рак на грлото на матката кај жените. Најголема заслуга за ова има оргазмот кој ја “отвора вратата на грлото на матката” и поттикнува зголемување на т.н. добри бактерии. Покрај тоа, мастурбација ја олеснува болката која се јавува за време на инфекција на уринарниот тракт, но и го подобрува исфрлањето на старите и непотребни бактерии од интестиналниот тракт.

Кардиоваскуларното здравје и дијабетесот

Мастурбацијата се поврзува и со кардиоваскуларното здравје, како и со помал ризик од појава на дијабетес тип 2. Бројни студии покажале дека – без разлика дали се постигнати со партнер или со мастурбација – женските оргазми ја зајакнуваат отпорноста на кардиоваскуларните болести и дијабетес.

Несоница

Како што покажуваат истражувањата, мастурбацијата е еден од најдобрите природни лекови за несоница. Многу жени несвесно прибегнуваат кон мастурбација по хаотичен ден, бидејќи ги смирува и им помага да заспијат. Мастурбацијата помага да се ослободи допаминот во телото кој е најголем во очекување на климаксот. По оргазмот, се ослободуваат окситоцинот и ендорфинот, што предизвикуваат чувство на смиреност и топлина кај жените. Баш таквите чувства им овозможуваат на жената да заспие без никакви проблеми.

Карлично дно 

Мастурбацијата, или оргазмот, го зајакнува карличното дно, што е особено важно за жените кои родиле. За време на мастурбацијата, а особено за време на оргазмот, доаѓа до стискање на мускулите и забрзан протокот на крвта, и сето тоа благотворно делува на зајакнување на дното од карлицата, при што се зголемува задоволството во сексот.

Стрес и расположение

Благодарение на хормоните кои се опуштаат за време на мастурбацијата, во женскиот организам се намалува послидуцата на стресот. Хормоните на депресија и лошото расположение ги заменува т.н. хормонот на среќа. Неколку студии покажуваат дека мастурбацијата го намалува емоционалниот стрес, а тоа е исклучително важно, бидејќи емоционалниот стрес предизвикува многу болести. Една студија покажала дека мастурбацијата во моментот го отстранува лошото расположение.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...