„Матурска парада 2018“ на плоштадот „Македонија“ 

1136
Booking.com INT

Традиционалната манифестација „Матурска парада 2018“ ќе се одржи денеска на пладне на плоштадот „Македонија“.

Bitcoin Exchange CEX.IO

На „Матурската парада“ традиционално матурантите танцуваат квадрил. Освен во Скопје, годинава ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица, Гевгелија и Куманово.

Организатори се Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје, под покровителство на Град Скопје и Делегацијата на Европската унија.

– Оваа година покрај Македонија во проектот ќе учествуваат матуранти од 62 градови во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора, изјави Никола Глигоров од Дирекцијата за култура и уметност. Нагласи дека оваа година се очекува да учествуваат над 30 илјади матуранти.

Официјалниот дел на програмата ќе почне во 11:40 кога матурантите ќе ја кажат заклетвата за ненасилство“. Точно на пладне со посредство на Македонското радио – Радио Скопје ќе биде преземен сигналот од Радио Словенија од каде доаѓа музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“ на која матурантите ќе танцуваат.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид.

Скопје, 18  мај 2018 (МИА)

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...