Мафини со кашкавал и власец

641

Ако сте љубители на мафини еве еден одличен рецепт за нивна подготовка …

Потребно 

  • 225 гр брашно
  • 125 мл млеко
  • 125 мл кефир или јогурт
  • 1 јајце
  • 1/2 лажиче шеќер
  • 1/2 лажиче сол (или по вкус)
  • 3-4 полни лажици исецкан свеж власец
  • 150 гр кашкавал, изрендан
  • 1 прашок за пециво
  • 30 гр растопен путер
  • путер, за премачкување на калапот

Подготовка

  • Во еден сад ставете ги брашното, шеќерот, солта и прашокот за пециво и измешајте.
  • Власецот измијте го, исушете и ситно исецкајте го.
  • Кашкавалот изрендајте го на крупно ренде, а путерот растопете го.
  • Во еден сад ставете ги млекото и кефирот (или јогуртот) и јајцето и изматете со вилушка.
  • Во средината на брашното со рака направете дупка, и додадете ја смесата со млеко, кефир и јајце, растопениот путер и со дрвена лажица убаво измешајте. Додадете ги кашкавалот и власецот и повторно убаво измешајте.
  • Калапот за мафини убаво подмачкајте го со путер, Во секое дупче од калапот сипете од смесата и тоа не до горе. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 185 целзиусови степени 20-25 минути или додека благо не поруменат. По 20 минути проверете ги со чепкалка за заби дали се печени.
  • Оставете ги малку да се изладат и послужете ги со со чаша јогурт или кефир.
loading...