Мајката го промени името на својата ќерка осум дена по породувањето

2079

Блогерката Sophie Cachia, позната како “The Young Mummy”, неколку дена по породувањето открила дека не е сигурна во името кое го одбрала за новородената ќерка.

Осум дена подоцна, малечката Betty станала малечката Flossy.

Австралиската блогерка Sophie Cachia родила девојче на 14 Јануари. На Инстаграм објавила дека нејзината ќерка ќе се вика Бети Маргарет по нејзините баби.

Sophie Cachia
loading...

Сепак, неколку дена подоцна, Sophie објавила фотографија на Snapchat, прашувајќи ги своите следбеници дали имале “проблеми со имињата по раѓањето”. “Почнувам да се грижам дека не изгледа како Бети”, напишала во описот на фотографијата, додавајќи дека требала да избере друго име.

Колку често родителите ќе зажалат поради името кое му го дале на своето дете?
Осум дена по породувањето, мајката објавила дека таа и нејзиниот сопруг Jaryd го смениле името на Бети. “Сакате да слушнете смешна приказна? Мајка ми и татко ми се зезнале.” напишала под фотографијата, имитирајќи го гласот на својот син, Боби, кој понатаму продолжува:

“Мама беше многу дрогирана и под влијание на хормони по породувањето, и почнала да се сомнева во името на сестра ми. Но, неколку дена подоцна, таа тотално пукнала и повторно се заљубила во името што ѝ го дала на сестра ми. Сѐ додека татко ми не дојде дома и нѝ призна дека и тој почнал да се сомнева во изборот на имието. Браво тато”.

Florence Betty Margaret Cachia

Крајот на постот открива како малечката Бети сега се вика Florence, или скратено: Flossy. Но, полното име на малото девјче е Florence Betty Margaret Cachia.

loading...