Мајката ја препознала својата ќерка на монструозните слики | Уапсен е педофил кој го злоставувал петгодишното девојче

16803

Откако ги објавила сликите од Интернет, германската полиција успеала да го лоцира девојчето кое монструмот го злоупотребувал, а потоа сликите ги објавувал на Интернет.

Фотографијата која ја објавила германската полиција го обиколи светот, бидејќи им била потребна помош во лоцирањето на девојчето која се појавила на една снимка пронајдена на дарк вебот, скриен дел на Интернет, каде што се случуваат и најстрашни кривични дела кои не можат толку лесно да се детектираат.

За среќа, повикот за помош вроди со плод и еден маж беше уапсен. Мајката и бабатаа на девојчето се јавиле во полиција.

loading...

Соопштено било дека девојчето, на возраст од околу четири, пет години, било сексуално злоупотребувано во период од октомври минатата година и јули оваа година. Сликите на злоупотреба се поставени на дарк вебот.

Полицијата ги забележала овие снимки и одлучила да ги проследи до медиумите, бидејќи верувале дека детето е и понатаму во рацете на насилникот.

Мажот е уапсен во едно место во Долна Саксонија, наведува Билд. Девојчето е сега безбедно и под контрола на детски психијатар.

loading...