Мајка отфрлила дете со Даунов синдром | Реакцијата на таткото го допре целиот свет!

11275

Сопругата го оставила Самуел Форест, откако тој одлучил да го одгледува својот син, кој е роден со Даунов синдром. Таткото, пак, добил голема поддршка од пошироката заедница …

Во еден ден Самуел Форест слушнал дека неговиот син е роден со Даунов синдром и дека сопругата одлучила да го напушти, бидејќи тој сака да го воспитува и одгледува детето.

Момчето е родено на 21.01 во ерменската болница, а лекарите таткото го известиле дека детето има генетско нарушување.

loading...

“Во прв момент доживеав шок”, рече Самуел за ABC News. Но, кога го зеде момчето за прв пат во рацете, љубовта веднаш се родила.

“Погледав во момчето, и реков: “Колку е убав”. Тој е беспрекорен и апсолутно имам намера да го задржам покрај себе”, рече гордиот татко.

Меѓутоа, неговата сопруга веќе во болницата му поставила “ултиматум”.

– Таа ми кажа дека ќе се разведеме ако го задржам – призна Форест. Таа не останала само на зборовите, туку и ги предала и документите за развод.

Ускратено им е и добредојде во домот на нејзините родители, каде што тие живееле. Мајката на бебето, Ruzan Badalyan потврдила дека родила дете со Даунов синдром кое е со својот татко, и признала дека таа ги напуштила. Ништо друго не сакала да им каже на новинарите.

Во Ерменија сѐ уште во јавноста се знае малку за децата со посебни потреби и многу често овие деца веднаш по раѓањето се испраќаат во домовите за сирачиња.

Таткото одлучил да побара помош преку Интернет, преку услугата GoFundMe. Ја објасни ситуацијата и само во седум дена собрал околу 60.000 долари.

Форест, кој е по потекло од Окленд (Нов Зеланд), планира сега да се врати дома со малиот Лео, и смета дека неговиот син во таа земјата ќе може полесно да се одгледува и да се интегрира во општеството.

Тој изрази благодарност за љубовта и поддршката која му ја дадоа луѓето од целиот свет.

loading...