Мајките во Италија ќе можат на децата да им го дадат своето презиме

1052

Многу мајки во Италија, како и во голем дел од земјите во светот, до сега не можеа на своите деца да им го дадат своето презиме.

Уставниот суд на Италија пресуди против законот со кој автоматски на децата и се дава презимето на таткото.

Многумина адвокати сметаа дека досега сето ова било прашање дискриминација над жените.

loading...

Освен тоа Европскиот суд за човекови права претходно го осуди законот, кој датира од римското време и и нареди на Италија да го смени. Активистите ја поздравија оваа одлука и го повика Парламенот да ја поддржи.

Цела ситуација почна кога една италијанско-бразилска двојка сакаа на синот да му бидат дадени двете презимиња.. Откако нивното барање го одбија властите на Италија, согласно Европската конвенција за човекови права беше пресудено во нивна корист во 2014 година.

Долниот дом на италијанскиот Парламент го одобри предлог-законот, но тој со години беше блокиран во Сенатот.

– Уставниот суд донесе одлука од голема важност за нашето општество. Сенатот повеќе нема оправдување да не го укине овој анахронизам и да им даде на жените право во однос на ова прашање, изјави левичарката Фабриција Џулијани.

loading...