Мајките кои дојат покусо од шест месеци му наштетуваат на црниот дроб на бебето

485

Бебињата кои мајките ги дојат помалку од шест месеци имаат 40 отсто поголем ризик од заболување на црниот дроб, додека тие шанси кај дебелите мајки се двјоно поголеми. 

Децата кои мајките не ги дојат или престануваат да ги дојат во првите шест месеци, на тој начин имаат зголемен ризик од дури 40 отсто да заболат од безалкохолни болести на масен црн дроб, покажаа новите истражувања.

Исто така е утврдено дека дебелината на мајката може двојно да го зголеми тој ризик у може да доведе до сериозно оштетување на црниот дроб, вклучувајќи и цироза, потенцијално опасна по животот.

loading...

Истражувањето покажало и дека пушењето во раните денови на бременоста може на детето да му предизвика проблеми со црниот дроб кога ќе дојде до тинејџерска возраст.

Податоците од едно истражувањето во Австралија покажува дека е алармантен бројот на жени кои го загрозуваат здравјето на своите деца.

Безалкохолната болест на масен црн дроб е едно од најчестите нарушувања на црниот дрбо, што се јавува во развиените земји и погодува секое четврто возрасно лице.

– Мајчиното млеко е навистина со сложен состав. Нормалната тежина на мајката, движењето и упорноста во доењето може да бидат значајни за здравјето на црниот дроб на нивните деца. Важноста на доењето од страна на мајките, кога е во прашање здравјето на нивните деца, не треба да се потценува, изјави доктор Ојекоја Ајонринд од Универзитетот на Западна Австралија.

loading...