Мајките со вишок килограми ја потценуваат тежината на своите деца

781
Booking.com INT

Речиси половина мајки кои имаат вишок килограми, ја потценуваат тежината на своите деца.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Според истражувањето на универзитетите „Браун“ од Вашингтон и од Сент Луис, дебелите мајки ја потценуваат дебелината на своите деца.

Истражувачите проучувале 230 мајки во САД, чии деца се на предучилишна возраст од 3 до 5 години. Од нив 41 отсто сметаат дека нивните дебели деца имаат „нормална тежина”.

Само 20 отсто дебели мајки исправно ги идентификувале своите деца како дебели, а само три порценти ја прецениле тежината на своите деца.

Истражувачите до овој заклучок дошле така што од мајките барале да пополнат прашалници за тоа како ги хранат своите деца, а одговорите на тоа прашање ја откривале нивната перцепција за тежината на децата.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...