Мајки, не ги мразете вашите стрии!

4850
Sharny денес со гордост ги покажува своите стрии
Booking.com INT

Стрии.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Тие ужасни линии по телото, заради кои не сакате да облечете костим за капење и да се релаксирате на плажа. Sharny Kieser е мајка на шест деца и долго, долго време не сакала да слушне за тоа да оди на пливање.

Дури и кога отишла на базен, останувала во маица и шорц, ги чистела работите зад своите деца и сонувала за тоа еден ден повторно да може да облече бикини.

Не можела да ја види целта на вежбањето, бидејќи по шест породувања нејзиното тело било прекриено со стрии. Ги одбивала повиците за пливање во базенот сè додека не го слушнала својот сопруг Јулијус како го фали нејзиниот изглед.

“Го слушнав, додека тој разговараше со пријателите и спомна стрии. Мојот сопруг кажа дека тие се знак на жена и резултат на голема мајчинска љубов, заради која секоја мајка би го оштетила своето тело на децата да им подари живот. Колку повеќе објаснуваше, сè повеќе разбирав дека се мразев себеси поради она што тој ме сакал“, отворено раскажува Sharny.

Sharny и Julius Kieser со децата

Зборовите на нејзиниот сопруг полни со љубов на Sharny ѝ помогнале да разбере дека не треба да се срами од своето тело по сите шест породувања. Конечно, сфатила дека тоа не е уништено и одвратно, туку дека од тело на девојка се претворило во тело на несебичната мајка и дека лузните се симбол на тој премин. Денес со гордост ги гледа своите стрии во огледалото.

“Почувствував љубов. Љубов на својот маж и своите деца. Зад тие лузни сите мои деца пораснале и живееле девет месеци,” со насмевка на лицето раскажува Sharny и додава дека, откако го прифатила своето тело, такво какво што е, посакала подобро да го третира. “Јас бев таа која сакаше здраво да се храниа. Јас бев таа која сакаше да вежба. Јас бев таа која сакаше да ги работи оние работи што ги сака.”

Sharny денес

Sharny така научи да се сака себеси и благодарна е за сето она што го има. Нејзината порака на мајките низ целиот свет е да престанат да се мачат.

“Сакам мајките низ целиот свет да разберат колку нивните тела се совршени. Со стрии или без нив. Ин витро оплодување или не, природно породување или царски рез, доењето или храна од шише – тоа не е важно. Вие сте совршени. Вашите деца ве сакаат. Вие треба да се сакате себеси. Вие имате магично мајчинско тело,” заклучи Sharny.

Ќе признаете, таа е во право, зарем не?

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...