Меган Фокс – промотор на нова линија долна облека

192

Познатата американска глумица Меган Фокс е косопственичка, креативен партнер, но и промотор на брендот за долна облека, „Фредрикс“, во кампањата за колекцијата „есен 2017“.

Фокс признава дека обожува долна облека во којашто изгледа доминантно, а која е комбинација од латекс, кожа, тантела, и по можност – црна. Покрај удобноста, на глумицата и е важно и да се чувствува моќно во долната облека што ја носи.

Инаку, линијата содржи гаќички, градници, корсети, едноделни костими, изработени од тантела, свила и проѕирни материјали. Освен омилената боја на Фокс, новата колекција е достапна и во сива и во сина варијанта.

loading...