Мексиканска салата

254

Оваа салата може да замени цел оброк …

Потребно

  1. 1 лажица маслиново масло
  2. 1 помала главица кромид
  3. 2 чешниња лук
  4. 300 гр мелено месо
  5. сол, бибер
  6. мелен сув зачин
  7. 1 конзерва пченка (425 гр)
  8. 1 конзерва кафеав грав (425 гр)
  9. мексикански салса сос од домати
  10. 1/3 зелена салата
  11. 160 гр изрендан кашкавал
  12. 350 мл кисела павлака
  13. 2/3 кесичка мексикански чипс

Подготовка

loading...

– Лукот и кромидот ситно исецкајте ги и пропржете ги на загреано масло.

– Додадете го меленото месо и продолжете со пржењето додека не испари целата течност која ќе ја пушти месото. Зачинете со сол, бибер и мелен сув зачин.

– Пропрженото  месо ставете го во сад за сервирање и оставете да се излади. На изладеното месо ставете ја пченката, потоа исцедениот грав и најодозгора од сласата од домати.

– Салатата измијте ја, исцедете ја и исецкајте ја на тенки ленти. Ставете ја во садот хад другите состојки. Измешајте ја киселата павлака и сипете ја над салатата.

– На крај посипете со рендан кашкавал.

– Пред да ја послужите салатата одозгора украсете ја со мексиканси чипс.

loading...