Меланија одржа модна лекција | Не дозволува да ѝ се мешаат во модните избори, а за политиката не сака ниту да слушне

5416

На страна политиката, Меланија Трамп ѝ одржа модна лекција на соперничката на својот сопруг, но исто така, и на другите дами кои учествуваa во кампањата. Како што пишуваат американските медиуми, се чини дека барем во тој сегмент ќе ѝ биде достојна замена на Мишел Обама, која овие години имала репутација на една од првите дами со најмногу стил.

%d0%bc%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b06

Словенечката сопруга на Доналд Трамп изјавила дека е од мајка Амалија, која била шивачка и дизајнер во фабрика на облека за деца Jutranjka, која веќе не постои, ја наследила љубовта кон модата и дизајнот и за време на кампањата покажала дека во модна смисла не е комплетна губитничка и дека манекенското искуство во голема мера во тоа ѝ помага.

За да излезе на гласање Меланија Трамп избрала тесен фустан без ракави, во бела боја со потпис на Мајкл Корс, а носела и палто со светло кафеава боја со златни копчиња на француската модна куќа Balmain.

%d0%bc%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b012

Доналд Трамп на гласање беше облечен во скап костум од италијанскиот бренд Бриони, кој го нарекуваат “Ферари меѓу костумите.

Хилари Клинтон останала верна на дизајнерот од кој не се откажува – Ралф Лорен – чија јакна и панталони ги избрала за гласање на денот на изборите.

%d0%bc%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b05

Ралф Лорен е само еден од многуте дизајнери кој во оваа кампања отворено го поддржа кандидатот на демократите, а освен него, поддршката ја изразиле и Diane von Furstenberg, Tory Burch, Elie Tahari, Joseph Altuzzara, Prabal Gurung и други.

%d0%bc%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b03

Меланија е инаку позната по тоа што не дозволува никому да ѝ се мешаа кога е во прашање нејзиниот моден избор, а сѐ што носи купува сама, пишува порталот WWD. Нејзиниот портпарол рече дека Корсовиот фустан кој го носеше на гласање го купила во продавница на Медисон авенија во Њујорк, а Балмајновото палто преку Net-a-porter.

%d0%bc%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b02

Мајкл Корс, исто така, во оваа кампања ја поддржа и Хилари Клинтон, но жена му на Трамп не размислува за политиката кога избира што ќе носи. Така, на последната претседателска дебата го носела моделот на Ралф Лорен, на втората дебата предизвикала модни критики во необичната Гучи кошула во розева боја, а на првата воодушевила во фустан со голи рамена со потпис на Долче и Габана.

%d0%bc%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b0 %d0%bc%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b08 %d0%bc%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b09 %d0%bc%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b010 %d0%bc%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%98%d0%b011