Ментално силните луѓе не ги прават овие 13 работи – дали сте такви?

1807
Booking.com INT

Менталната сила често не се рефлектира во она што го правите, туку во она што не го правите, тоа го заклучила Amy Morin, автор на бестселерот “13 работи кои ментално силните луѓе не ги прават”.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Американскиот психотерапевт Amy Morin истакнува колку е важно да се контролираат мислите, однесувањата и емоциите. Еве што според неа ментално силните луѓе не го прават:

1. Не губат време сожалувајќи се

Тоа е деструктивно – тоа ве држи подалеку од тоа да живеете со полни гради и да сте среќни. Самосожалувањето е чиста загуба на време и позитивна енергија, а при тоа негативно влијае на меѓучовечките односи. Наместо да се жалите, почнете да бидете благодарни за она што го имате во животот.

2. Нема да се откажат од својата моќ

Многу луѓе забораваат колку се силни кога немаат физички или емоционални граници. Важно е да знаете кога да подвлечете линија и да се заземете за себе. Ако другите луѓе го контролираат она што го правите, тогаш тие луѓе го дефинираат вашиот успех и самодовербата. Важно е да имаш свои цели и храбро да одиш кон нив.

Morin, во својата книга ја зема Oprah Winfrey како добар пример – таа израснала во сиромаштија и била сексуално злоупотребувана, но не дозволила тоа да го одреди нејзиниот живот, ниту пак се откажала од сознание дека има моќ да направи со својот живот она што сака.

3. Не бегаат од промени

Да се направи промена во животот може да биде страшно, но бегањето од тоа го спречува растот и напредокот на човекот. Исто така, некои промени се неизбежни и нема бегање од нив, а колку подолго чекате, толку потешко станува.

4. Не се фокусираат на работи кои не можат да ги контролираат

Обидот да се контролира сè околу себе е веројатно одговор на анксиозност.

“Наместо да се фокусираат на управување со анксиозноста, некои луѓе се обидуваат да го контролираат нивното опкружување”, објаснува Morin. Ако го отстраните својот фокус од работите кои не можете да ги контролирате, ќе живеете со помалку стрес, ќе бидете посреќни, ќе имате подобар меѓучовечки однос, ќе бидете поуспешни и ќе ви се отворат нови можности.

5. Не се грижат како да ги задоволат сите околу себе

Многу луѓе се заморуваат со тоа што мислат другите за нив, а тоа е во спротивност со менталната сила. Обидите да се задоволат сите е само губење на време. Мора да бидете свесни дека не можете да ги задоволите сите, а ако некој е разочаран или лут поради тоа – тоа е негов проблем.

Луѓето кои на сите им удоволуваат, всушност, дозволуваат другите да ги манипулираат. Луѓето кои не се заморуваат како да ги задоволат сите, повеќе се потпираат на себе и имаат силна самодоверба.

6. Не се плашат од преземање ризици

Луѓето често се плашат да преземат ризици, без разлика дали се финансиски, физички, емоционални, социјални или работни, но тоа се сведува на знаење.

– Недостатокот на знаење за тоа како да се пресмета ризикот води до зголемен страв – објаснува Morin во својата книга.

За подобро да ги анализирате ризиците, сами поставете си ги овие прашања:

  • Колкави се потенцијалните трошоци?
  • Кои се потенцијалните придобивки?
  • Како тоа ќе ми помогне да ја постигнам мојата цел?
  • Кои се алтернативите?
  • Колку би било добро ако се појави најдобро сценарио?
  • Кое е најлошото нешто што може да се случи?
  • Како можам да го намалам ризикот ако се случи најлошото?
  • Колку лошо може да биде ако се случи најлошото сценарио?
  • Колку оваа одлука ќе биде важна за пет години?

7. Не живеат во минатото

Минатото е минато и на него не може да се влијае, освен од тоа да се научи нешто и да не се повторат истите грешки. Луѓето кои постојано живеат во минатото всушност се спречуваат да уживаат во сегашноста.

Покрај тоа, тие се воздржуваат во планирањето на подобра иднина. Животот во минатите времиња не носи ништо добро и може само да доведе до депресија.

8. Не ги прават истите грешки неколку пати

Тие добро ќе анализираат каде и како погрешиле и нема да дозволат да им се случи повторно истата грешка. Важно е да се биде свесен за тоа зошто нешто тргнало по лошо, што можело да се направи да биде подобро… Ментално силните луѓе ги прифаќаат нивните грешки и од нив влечат лекции.

9. Не се лути заради успесите на другите луѓе

Тие не се љубоморни. Всушност, тие не се занимаваат со туѓите успеси и неуспеси, туку се фокусираат на своите.Тоа што се фокусирате на нечиј успех, нема да го подготви патот за вашиот успех – тоа всушност ви го одвлекува вниманието од целта.

Дури и ако станете успешни, никогаш нема да бидете задоволни со себе ако премногу гледате на другите. Исто така, тоа може да ве спречи и на начин да ги предвидите своите таленти и да се оддалечите од сопствените вредности.

10. Не се откажуваат по првиот неуспех

Успехот не е моментален, а неуспехот е речиси секогаш пречка која ќе мора да ја надминете на патот кон успехот. Луѓето кои мислат дека неуспехот е неприфатлив навистина не се доволно добри и немаат доволно ментална сила за да успеат.

Ако не се откажете кога ќе наидете на пречка туку ја совадате и продолжувате понатаму, тоа ќе ве поттикне и ќе ви даде сила.

11. Не се плашат од осаменост

Создавање време во кое сте сами со својот ум може да биде моќно искуство и инструмент кој помага во постигнувањето на целите. Ако сакате да бидете ментално силни, тогаш одвојте време само за себе.

Тргнете се од стресот и секојдневницата – фокусирајте се на својот раст.

Ова се некои од предностите на самувањето:

  • Самотијата во канцеларија може да ја зголеми продуктивноста.
  • Самувањето може да го зголеми вашето сочувство.
  • Времето поминато во осаменост ја поттикнува креативноста.
  • Тоа е добро за менталното здравје.
  • Осаменоста го обновува умот и телото.

12. Тие не чувствуваат дека светот им должи нешто

Лесно е да се лутиш на целиот свет поради неуспех или недостаток на среќа, но тоа нема никаква смисла. Животот не мора секогаш да биде фер, животот е едноставно таков и тоа треба да се прифати. Важно е да се фокусирате на вашите напори, да прифатите критики, да ги прифатите своите недостатоци.

Не се споредувајте со другите, бидејќи тоа само ќе ве разочара – ако не го добиете она што сте го замислиле или што мислите дека некој ви должи.

13. Не очекуваат резултати веднаш

Треба да се биде реален и да се разбере дека успехот не доаѓа преку ноќ, така размислуваат луѓето кои сакаат да го искористат целиот свој потенцијал. Ментално слабите луѓе честопати се нетрпеливи, ги преценуваат своите способности и го потценуваат фактот колку време е потребно да се направи промена.

Тоа е причината зошто ги очекуваат резултати веднаш. Важно е да се задржи вниманието кон целта и да се работи вредно. Треба да бидеме свесни за фактот дека нема секогаш да оди сè непречено, но важно е да се направи напредок, открива The Insider.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...