„Мерцедесот“ на Хитлер оди на аукција | Видео

749

Луксузниот „Мерцедес“ од 1939 година, што го користел Адолф Хитлер за време на Втората светска војна, ќе биде понуден на аукција во Аризона наредниот месец.

Лимузината на себе ја имала регистарската табличка „IА 148461“. Освен фактот што некогаш му припаѓала на Хитлер, таа е еден од само четирите примероци од тој модел – „Мерцедес Бенц 770-К Гросер“, познат и како „супермерцедес“.

Со капацитет на моторот од 7,7 литри, којшто може да развие 160 километри на час, автомобилот бил моќен пропаганден симбол на нацистичка Германија. Во него, Хитлер честопати се возел стоејќи на предното седиште.

Категоризиран како „историски најзначаен автомобил на сите времиња понуден на јавно наддавање“, импозантниот кабриолет со четири врати ќе биде ставен на аукција во Скотсдејл на 17 јануари.

Меѓу другото, бил користен и во победничката парада во Берлин по победата над Франција, како и за Хитлеровата посета на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини.

На крајот на војната, автомобилот бил запленет од американските сили во Франција. Некое време и не се знаело за неговото потекло, па бил  сместен во воен возен парк. По војната, кусо бил во приватна сопственост на белгиски колекционер, а потоа бил префрлен во Гринвил, САД, во Бирото ветераните од Северна Каролина. И таму бил користен на воени паради.

На почетокот на Третиот милениум, „супермерцедесот“ е купен од неименуван колекционер од Европа, а 2009 година го купил друг, руски милијардер.

Американските медиуми пишуваат дека на аукцијата возилото може да достигне цена и до неколку милиони долари.

loading...